26 Април, 2024
0.0334

Анализата е готова: Министерството за финансии не го прифати предлогот за изедначување на акцизата за екстралесното гориво со дизелот

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии по повеќе од еден месец ќе донесе одлука за предлогот за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот.

Иако Стопанската комора имаше иницијатива за изедначување на акцизата на екстралесното гориво со дизелот, а тоа го поддржаа и дистрибутерите на нафта и нафтени деривати во државата, министерството за финансии одлучи контра нив, да се оди на изедначување на квалитетот на екстралесното со тој на дизелот.

Логично се подига прашањето како ќе се откриваат злоупотребите со „црвената нафта“ по ваква регулација? Познато е дека и покрај тоа што ова гориво е забрането за точење од 15 април до 15 октомври, сепак потрошувачката во нашата држава и во тој период не спласнува. Можеби надлежните признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту волја да го направат тоа, па затоа се презема овој чекор преку кој полесно ќе се затскрие нивната инертност за оваа тема?!

Дали проблемот ќе прерасне во уште поголем, сега кога ќе имаме едно гориво со различна акциза и цена. Како државата ќе го контролира користењето на ова гориво, дали ќе има правила кој смее да го користи?

За овие проблеми алармираше Регулаторната комисија за енергетика која го поддржа предлогот за изедначување на акцизите, но тој не помина во Министерството за финансии.

„Изедначувањето на  акцизата на екстралесното гориво со дизелот ќе биде од корист на сите, имајќи во предвид дека со злоупотребата на екстралесното гориво некаде во Буџетот на државата недостасуваат околу 30 милиони евра“ – кажа Бислимовски. 

Да потсетиме, екстралесното гориво во моментов има многу пониска акциза во однос на дизелот и од тие причини на некој начин се случуваат злоупотреби, бидејќи се користи за транспортни цели.

Дизелот и екстралесното гориво освен разликата во акцизата и цената се разликуваат и во техничките карактеристики кои се однесуваат на нивната чистота и согорување.

Додека од пониската акциза на екстралесното гориво што се троши како дизел за транспорт државата губи повеќе од 11 денари по литар, при согорувањето екстра лесното загадува 100 пати повеќе од дизелот, бидејќи содржи 100 пати повеќе сулфур на еден литар гориво.

Ваква пракса на „изедначување на квалитетот“ е непозната во ниедна европска земја, па затоа е и нејасно што државата предвидува да се постигне со овој потег.

Останува да видиме дали надлежните ќе смогнат сили за кратко време да го донесат новиот правилникот за квалитет на течните горива, кој не е променет цели две години, иако многумина велеа дека истото е повеќе од потребно.

Можеме да заклучиме дека многу прашања по оваа тема останаа неодговорени што отвара многу врати на сомнежи околу тоа чии интереси застапува државата, и дали истите се правилни?

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9