13 Мај, 2024
0.0260

Анализа на правните експерти од енергетиката: Уредбата е задоцнета, наменета е само за амнестија на одговорните

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Правните експерти од областа на енергетиката велат дека донесената уредба со која може да се прогласи вонредна енергетска криза е донесена задоцнето. Цените на електричната енергија на надворешните пазари започнале да растат уште во мај и уште тогаш би бил потребен овој владин акт со кој ќе можело непречено да се плати гаранција за снабдување со струја од некој помоќен производствен извор. Уредбата според нив, ќе им служи единствено за „амнестија“ на одговорните поради големата цена што ќе треба да се плати за тоа и за недостигот на домашно производство.

Експертите ја споредија старата уредба од 2012. Велат дека таму како критериум не било наведено домашното производство, ниту пак регионалните и меѓународни пазари.

- Целта е со репрограмирањето на средства да се обезбедат пари за обезбедување баланс од операторот на електропреносниот систем МЕПСО и да може да се заобиколи Собранието, а при тоа секој да се самоамнестира. Целиот дебаланс може да биде исплатен од буџетот, а при тоа таа владеачка елита нема да сноси никаква одговорност, вели правниот стручњак, кој застапува неколку енергетски компании, поради што побара да остане анонимен.

Во новата уредба се попрецизно пропишани работите во надлежност на Комисијата која ќе треба да се формира за следење на состојбата.

- МЕПСО преку оваа Комисија ќе им наложува мерки на сите вклучени субјекти, а ќе има и моќ на суспендирање, без при тоа некој да може да се жали или да тужи. Оваа уредба наменски е смислена, за да немате можност да се браните, ако ве удрат. Ова треба да биде заштита од тоа што немало долгорочен план и што не се следеле трендовите. Ние овде не можеме да се потпреме само на трговијата. Ако не можете да влијаете на цената, практично вие сте готов, вели експертот.

Во однос на правата и обврските на носителите на лиценци, уредбата предвидува дека за операторите на дистрибутивните системи, потрошувачи приклучени на електропреносна мрежа, снабдувачите и трговците кои испорачуваат електрична енергија на територијата на Република Северна Македонија се суспендира пазарот на електрична енергија и истите постапуваат по инструкциите кои ќе им ги даде МЕПСО. МЕПСО, дистрибутерите, трговците и снабдувачите ќе трпат штета од финансиски загуби поради намалена испорака кон своите клинети, меѓутоа пред нив нема да бидат одговорни за штетата предизвиката од ограничувања во снабдувањето.

Учесниците на пазарот ќе бидат должни на секој можен начин да прибават енергија со која ќе се покрие недостатокот. Освен хавариска испомош, дополнителен увоз и ангажирање резерви, се отвора можност за обезбедување дополнителни финансиски средства преку репрограмирање на побарувањата од балансно одговорните страни, како и ослободување од обврската за гарантирање на балансната одговорност. Ова значи покривање на “дупките” создадени од дебалансите со буџетски средства, односно употреба на парите на граѓаните за справување со последиците на крајно недомаќинскиот однос во енергетскиот сектор и отсуството на стратегија во секторот со години наназад.

За илустрација, истите тие средства можеле да бидат употребени за обезбедување на закуп на количини на енергија од стабилен производител во странство по фиксни цени за подолг временски период, со што државата ќе можеше да има обезбедена електрична енергија во услови на крајно нестабилен пазар и огромен раст на цената на струјата на меѓународната берза. Од таа причина, сметаме дека уредбата е задоцнета, вели правниот стручњак, кој побара да остане анонимен.

Условите во актуелната уредба се попрецизно дефинирани. Во првата уредба се споменува единствено распад на системот и испад на преносните капацитети,  додека во втората е наведено дека услови се и недостигот на енергенси за производство на електрична енергија или неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производството на електричната енергија (потенцијалот на хидро акумулациите е на минимално ниво), како и непредвиден значителен пораст на цената на струјата на одреден временски период.

Во старата уредба постапката за прогласување на вонредна енергетска криза би ја иницирале носителите на лиценци за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија, додека во новата тоа го прави министерот за економија. Постапката овој пат е многу поедноставна и треба да се извести само Владата преку Управувачкиот комитет формиран согласно Законот за управување со кризи и да се донесе одлука.

Што се однесува до мерките, не е јасно како би се извела забраната за додатно загревање на деловни и службени простории. Покрај тоа, се вели дека финансиските средства за спроведување на мерките се црпат од националниот буџет како и од „сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејнсоти“. Недостатокот на електрична енергија ќе се надополнува, меѓудругото, и со „обезбедување на дополнителни финансиски средства, вклучително и репрогтрамирање на доспеани побарувања од балансно одговорните страни и ослободување од обврската за зголемување на финансиските обезбедувања по основ на склучените договори за балансна одговорност“.

За волја на вистината, во старата уредба се споменува дека може да се воведат рестрикции кон потрошувачката на домаќинствата, тарифните и квалификуваните потрошувачи, додека во новата тоа не е споменато.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра