26 Април, 2024
0.0491

Анализа: Има решение - наместо 565 денари месечно за провизии во банка, да платите само 99 денари

Објавено во: Финансии 22 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во услови на епидемија и во време кога нараснуваат потребите за намалување на физичките контакти, поволностите кои ги нудат банките за електронско банкарство моментно имаат свој подем. УНИБанка претстави нов исклучително поволен пакет УНИFlex за граѓаните и Бизнис E-пакети за фирмите. Станува збор за пакети за електронско банкарство преку кои за минимална сума секој клиент ќе може да ги врши најсекојдневните банкарски потреби без да доаѓа на шалтер.

Пакетот наменет за физички лица им овозможува на граѓаните да заштедат значајна сума пари, затоа што онлајн плаќањето е комплетно без провизии. За само 99 денари месечно клиентите добиваат можност без провизија да повлекуваат готовина од дебитните картички на сите банкомати во земјата. Во истиот пакет се вршат неограничено сите денарски транскации преку Е-банкарство, а исто така УНИ СМС услугата и одржувањето на сметката се без надомест.

Споредба на трошоците кои ги имаат граѓаните со активиран и без активиран пакет ја покажува месечната заштеда на граѓаните. Наместо 565 денари колку на пример би платиле за вашите уплати, за повлекувањето готовина, за одржувањето на транскациската сметка, еден клиент на месечно ниво за пакетот плаќа само 99 денари. На годишно ниво заштедата е дури 5.592 денари. Секако дополнително не се посетува филијала, не се троши време за чекање на шалтер.

Правните лица пак може да изберат еден од пакетите во зависоност од тоа дали работат со денарски или денарски и девизен платен промет. За сите продукти опфатени во пакетот се плаќа само една провизија. А што добивате?  Месечното одржување на сметка е без надомест, интерните плаќања се неограничени, а за сумата која ја плаќате еднократно има и по 20 плаќања во КИБС и по пет МИПС плаќања. Цената на Е-пакетот е 990 денари, а на Е-пакет Плус е 1.990 денари.


Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат