Добивај вести на Viber
Скоро една година се бара добитникот на милион долари од американската лотарија, поради што е упатен нов повик со цел добитникот да се јави пред да престане да му вреди наградата.
-Проверете ги своите новчаници, пребарајте ги вашите џебови, бидејки некаде играчот од Њу Џерси има лист вреден милион долари -Powerball кој истекува на 16-ти мај, порачуваат од лотаријата.
Наведено е и во која продавница добитното ливче е купено, а исто така и добитните броеви 3, 7, 21, 28 и 43, како и доплнителниот број 2.
Извлекувањето е извршено на 16-ти мај во 2012-та во САД, а добитниците мораат наградата да ја подигнат во рок од една година.
На почетокот на месецот од лотаријата беше упатен првиот повик со цел да се пронајде добитникот или добитничката, но безуспешно.