АМЕРИКА ИЗБЕГНА БАНКРОТ: Договорот беше објавен без никакво славење
Објавено во: Економија, Свет 28 Мај, 2023 09:03
Американскиот
претседател Џо Бајден и лидерот на републиканското конгресно мнозинство Кевин
Мекарти постигнаа начелен договор по напорните преговори за зголемување на
лимитот на јавен долг на САД од 31,4 трилиони долари, со што се спречи банкрот.
Договорот беше објавен без никакво славење, што покажува колку тешки биле разговорите и дека договорот допрва треба да се протурка низ Претставничкиот дом и Сенатот.
„Само што телефонски разговарав со претседателот. По неколку месеци кога тој губеше време и одбиваше да преговара, денеска постигнавме начелен договор достоен за американскиот народ“, рече Мекарти.
„Договорот е важен чекор напред, но е и компромис. А тоа значи дека нема секој да го добие она што го сака. Тоа е одговорност на владеењето“, рече Бајден.
Договорот ќе го зголеми законскиот лимит на јавниот долг на САД, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари, за две години. Сè уште треба да се разработат некои детали, но Мекарти очекува законот да биде напишан во недела и би можел да се гласа во среда.
Тој за новинарите изјави дека договорот вклучува историско намалување на јавната потрошувачка и додаде дека нема да има нови даноци и нови владини програми.
Доколку Бајден и Мекарти не постигнаа договор за зголемување на границата на националниот долг, кој моментално изнесува 31,4 трилиони долари, Соединетите држави би можеле да се најдат во ситуација кога доцнат или не можат да ги исполнат своите финансиски обврски, без разлика дали се однесуваат на платите, пензиите. или компензација на нејзините доверители.
Според економистите, ова невидено сценарио би било синоним за голема рецесија и колапс на пазарот во САД, со можна „зараза“ која би се проширила на целата глобална економија.
ФОТО: EPAМожеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




