Алиталија ќе ги укине евтините летови Скопје-Рим
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2016
Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ најави дека ја укинува редовната линија Скопје-Рим и со тоа граѓаните кои ќе сакаат да патуваат кон италијанската престолнина или обратно ќе немаат евтина опција.
Причина за затворањето на оваа линија од компанијата наведуваат дека е нејзината неисплатливост. Линијата Рим-Скопје-Рим е отворена пред две ипол години, а ќе се укине на 30 ноември.
„Алиталија“ лета седум пати неделно на релацијата, а од 15 ноември ќе лета трипати неделно. Компанијата ќе лета од Скопје преку својот партнер, „Ер Србија“.
Претходно линиите од скопскиот аеродром ги укинаа и швајцарската авио компанија „Ер лајнс“ и чешката „Чех ерлајнс“.