Александар Вучиќ е новиот претседател на Србија
Објавено во: Балкан 03 Април, 2017
Александар Вучиќ победи на вчерашните претседателски избори во Србија.
Тој освои околку 55% од гласовите, и со тоа уште во првиот круг е избран за нов претседател на државата.
Вучиќ доцна синоќа прогласи победа на изборите, истакнувајќи дека за него гласале над два милиони гласачи.
„Многу сум горд на фактот дека добивме огромна доверба и од три милиони и 700.000 луѓе кои гласаа, конечната проценка е дека добивме околку два милиони и 35.000 гласови“- изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на неговата владејачка Српска напредна партија (СНС).
Вучиќ соопшти дека на изборите добил околу 430.000 или 12% повеќе гласови, отколку сите останати претседателски кандидати заедно.
Тој за време на говорот му се заблагодари на претседателот и поранешниот лидер на СНС, Томислав Николиќ, за поддршката.