Албански подарок за Скопје и Подгорица, за што се работи?
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2019 17:19
Владата во Тирана одлучи дека Албанците од Северна Македонија и од Црна Гора можат да работат во Албанија без дозвола за работа.
Ваква одлука е донесена од Владата на премиерот, Еди Рама на седницата одржана на 10 мај, според подгорички „Вијести“.
„Албанците од Северна Македонија и од Црна Гора уживаат право на вработување како и албанските државјани, освен кога вработувањето конкретно се однесува на албанско државјанство, во согласност со важечките закони”, се наведува во одлуката на албанската влада.
Истата одлука претходно ја донесе албанската влада за Албанците од Косово и од југот на централна Србија.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




