12 Мај, 2024
0.0254

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Објавено во: Економија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

СМА Холдинг Ш.П.К., албанската компанија од Тирана која купува бизниси во Македонија, ја презеде „Студио Модерна“ од Скопје, застапникот на брендовите како „Дормео“, „Делимано“ „Вокмакс“ и „Топ Шоп“ со ланец на продавници низ земјата.

Албанската компанија, позната по тоа што во Македонија ги поседува уште и „Вива Фреш“ и „Кит-Го“, од крајот на феврурари е нов сопственик на местото на Студио Модерна Холдингс Инвестментс од Амстердам. Албанскиот холдинг веќе ги поседува маркетите „Вива Фреш“, а од неодамна го купи и малопродажниот ланец „Кит-Го“ од Штип.

„Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е друштво кое се занимава со трговија на мало преку пошта и интернет која вклучува трговија на мало на производи за домаќинство (мебел, душеци, перници, постелнини, под-душеци, наддушеци), опрема за осветлување и други предмети за домаќинства, производи за подготовка на храна и други производи за унапредување на живеењето и опрема за чистење во домот. 

Трговијата ја сочинуваат продажба на брендирани производи како што се Топ Шоп, Дормео, Делимано, Волкмакс и Велнео, преку разчлични канали за продажба: телевизија, интернет, продажба на мало преку продавници, телемаркетинг. За целите на ова Известување, релевантниот пазар на производи може да биде дефиниран како пазар на трговија на производи за спиење, душеци и производи за домаќинство за готвење и чистење а географскиот пазар би бил пазарот во Република Северна Македонија“, објави претходно Комисијата за заштита на конкуренцијата кога пред преземањето разгледуваше можна пазарна концентрација.

За СМА Холдинг Ш.П.К. е напишано дека „се занимава со управување и контрола со трговски друштва, обезбедување на помош на трговски друштва во целосна или делумна сопственост на друштвото, продажба на големо и мало на стока и опрема“.

Штипскиот бизнисмен Кирил Гогов од крајот на мај минатата година повеќе не е сопственик на ланецот маркети Кит-Го, откако официјално заврши превземањето од страна на косовската компанија Вива Фреш. Се верува дека за тоа биле платени околу 60-тина милиони евра. Процесот на купување траеше повеќе од една година.

„Студио Модерна“ до почетокот на руско-украинската криза беше компанија со бројни филијали кои успешно работеа во Европска Унија, а агресивната кампања беше заштитен знак. Во еден момент имало вкупно околу осум илјади вработени, приходот бил околу 500 милиони евра, а биле отворени подружници во околу 20 земји. 

Во јули словенечкиот основач на „Студио Модерна“, Санди Чешко, познат уште и како „крал“ на ТВ продажбата, кој со своите брендови Дормео, Делимано и Космодиск „навлезе“ во речиси секое домаќинство во овој дел на Европа, за словенечките медиуми потврди дека е во деловни тешкотии. 

Последната информација за приходите на „Студио Модерна“ во Македонија е дека во 2017 со 182 вработени е остварена продажба од над 11 милиони евра. Добивките во овој период се движеле околу половина милион евра. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно