АЛБАНИЈА Е ПРЕД ПОРТУГАЛИЈА И ХРВАТСКА ПО БРОЈ НА ТУРИСТИ: Џаред Кушнер и Иванка Трамп се меѓу најпознатите инвеститори на луксузни хотели
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2025 11:55
Албанија, до неодамна скриена дестинација во Европа, се
соочува со експлозивен раст на туризмот што може сериозно да ја загрози
одржливоста на локалните заедници и животната средина.
Од 2015 година, бројот на туристи во земјата речиси се зголемил тројно - од 3 милиони во тоа време на дури 10 милиони во 2023 година, што претставува зголемување од 56 отсто во однос на нивоата пред пандемијата. Албанската влада очекува овој број да се зголеми на 30 милиони годишно до 2030 година, што би значело дека земјата прима повеќе туристи отколку што моментално примаат Португалија или Хрватска.
Грижи за животната средина и инфраструктурата
Овој брз раст на туризмот предизвика сериозна загриженост. Весли Дидани од „Саранда Веб“ предупредува дека некои туристички проекти се појавуваат без соодветно урбанистичко планирање, што предизвикува уништување на природната средина, особено по должината на крајбрежјето. На пример, во Саранда имало случаи на директно фрлање градежен отпад во морето.
Влијание врз локалното население
Притисокот се чувствува и на пазарот на недвижности: на локалните жители им е сè потешко да најдат прифатлив смештај, бидејќи странските инвестиции и туристичката побарувачка доведоа до вртоглаво зголемување на цените. Ситуацијата потсетува на она што се случува на популарни дестинации како Мајорка.
Инвеститорите Џаред Кушнер и Иванка Трамп
Меѓу инвеститорите се Џаред Кушнер и Иванка Трамп, кои добија зелено светло за изградба на луксузен хотел вреден 1,4 милијарди долари на островот Сазан.
Според Светскиот туристички совет, Албанија моментално е трет најбрзо растечки туристички пазар во светот, зад Катар и Порторико.
фото: UnsplashМожеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




