15 Мај, 2024
0.0453

Алаѓозовски: Огромна штета врз галеријата со икони од претходната власт

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Поранешната влада направи огромни штети во културата во целина, но сепак најголема и непоправлива е штетата која е направена на културното наследство. Оштетувањата во просторијата на галеријата на икони на Музејот на Македонија, направени на 09. 03. 2017 со паѓање на дел од таванскиот дел и несоодветното реагирање во временски рок од повеќе од три месеци од страна на раководството на Музејот на Македонија, е скандал од невидени размери, посочи денеска министерот Алаѓозовски на заедничката прес конференција со ракводоството на музејот.

Галеријата на икони во Музејот на Македонија во Скопје е најрепрезентативната од ваков вид во нашата земја, заедно со Галеријата на икони при Охридскиот музеј и завод. Таа содржи икони, кои потекнуваат од почетокот на четиринаесеттиот до средината на дваесеттиот век. Според Законот за заштита на културното наследство, оваа збирка на икони е прогласена за културно наследство од особено и исклучително значење. За жал, веќе неколку месеци, оваа бесценета колекција беше оставена во крајно несоодветни и ризични услови, без да се преземе ниту една позначајна мерка за нејзина соодветна заштита.

Најстарата музејска институција во државата, со највредни музејски збирки, кои се предмет на проучување на врвни домашни и светски специјалисти, од претходната власт беше третирана како депо, од кое си извлекуваше артефакти и си ги уредуваше новите партиски музеи. Но, она што е најстрашно, е целосната маргинализација на оваа институција, што е видливо и поради тоталната незаинтересираност за збирката на икони, која по својата вредност е една од најбогатите и најпознатите сочувани збирки на Балканот. Токму овие врвни примероци на иконопис досегашното раководство ги остави да пропаѓаат во неадекватни услови, во простории кои при секој пороен дожд прокиснуваат. Делата се дополнително изложени на оштетувања од високите температурни разлики заради отсуство на систем за климатизација. Истото се случува и со етнолошката збирка, чија вредност е исто така исклучителна.

За овие докажани и потврдени вредности од нашето културно наследство, претходната власт не почувствува потреба да инвестира и да обезбеди услови за нивно опстојување и презентација пред светската јавност.

Ваквиот пристап ќе го промениме веднаш. Од страна на Министерството за култура веќе бевте известени за итните преземени мерки. Во оваа институција веќе назначивме в.д директор, а новоформираните тимови на Музејот на Македонија, Националниот конзерваторски центар и Градскиот конзерваторски центар, интензивно работат на утврдување на степенот на загрозеност на иконите и фреските од галеријата, како и изнаоѓање на соодветни простории со микроклиматски услови, во кои привремено ќе бидат депонирани експонатите од Галеријата, сè до нејзина санација и обезбедување на соодветни микроклиматски услови во неа. Исто така, од страна на стручниот тим од Градскиот конзерваторски центар, ќе бидат предложени и архитектонски решенија за итна санација на просторијата, во која ќе бидат сместени иконите, посочи Алаѓозовски.

Воедно, Министерството за култура ќе изврши ревизија на состојбата на музејските збирки и условите во кои се чуваат и презентираат врвните вредности од нашето културно наследство и ќе изработи приоритетна листа за санација на штетите предизвикани од претходната власт.

Можеби ќе ве интересира

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ВО ОДБРАНА НА Д-Р НИКО РИПНАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Поврзувањето на името на д-р Беќаровски со вакви невистини за остварување политички цели е скандалозно и некоректно! Еве што пишува во нивниот демант

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово