19 Март, 2024
0.0292

Актуелни теми: Колатералот во кредитирањето и контролинг ризиците

Објавено во: Колумни 20 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Живееме во време, во кое, егзистираат во изобилство неизвесни настани. Тука, да нема дилеми. Оттука, за еден неизвесен настан да биде под контрола или ако милувате со зборовите на колегите контролери, ризиците во контролингот, денес добиваат вистински третман, за разлика од кога било, претходно. Тоа, упатува на една актуелна тематика за сите претпријатија, банки и останати финансиски институции, а тоа е – контролинг на ризиците. Поимот ризик во модерното банкарство подразбира процес на проценка, контрола, финансирање и администрација на неизвесниот настан преку воспоставување на стабилен систем на управување и контрола врз ризикот. На мислење сум, дека ваквиот процес, особено во современата банкарска институција добива приоритет на најважна функција.

Еден успешен банкар, мој добар пријател, често знае да рече: "банката претставува специфичен вид на претпријатие, организирано како акционерско друштво, кое се занимава со специфичната стока наречена - пари“. И така е!

Проблематиката со контролингот на ризиците не може многу да помогне за менаџментот на банката, во насока на тоа, тој многу полесно да направи евалуација на степенот на веројатноста на појавите за кои постојат некои искуства од минатото. Но, може, и тоа како многу, да помогне на менаџментот кога треба да се гледа напред во иднината. Имено, кога треба да се предвидат различни алтернативни состојби, во кои, може да се најде банката и опкружувањето, како на пример, комитентот на банката чиј долг таа размислува да го консолидира, може, но и не мора да оди во стечај или ликвидација, или пак реалнта инфлација во земјата може да се очекува во проекциите на Централната банка дека ќе изнесува 1,5%, но таа може да биде поголема или само минимални под 1%. Доколку постои сигурност дека ќе се случи само една од можните состојби, тогаш би се живеело во сигурен свет со стабилни приноси од инвестициите и без постоење на ризици.

За цели на писанието, занимливо би било, да анализираме еден пример, во кој, банката „НН“ има можност да инвестира во два инвестициски проекти со различни поединечни приноси. Поточно, таа треба да се определи за избор на еден од двата алтернативни инвестициони проекти: инвестиција А и инвестиција Б. Вредноста ѝ за двата проекти (од кои банката треба да го избере оној со помал ризик) е еднаква и изнесува 1.000.000 денари. Врз основа на извршената кредитна анализа од банкарските професионалци во таа област, се прибрани мислења – оценки за очекуваните стапки на принос од секоја инвестиција, која банката треба да ја поддржи. Оттука, со длабинска обработка на добиените оценки од банкарските специјалисти е извршено нивно групирање во три групи на оценки за очекуваната стапка на принос: песимистичка, оптимистичка и најверојатна. Исто така, пресметана е веројатноста за секоја од стапките на приносот. Сега, логично се поставува прашањето: Која од алтернативите е подобра за банката (инвестиција А или инвестиција Б)?

Ако, знам дека и двата алтернативни инвестициски проекти, од кои, банката треба да го избере оној со помал ризик, имаат еднаква вредност од 1.000.000 денари, тогаш, со право би рекол дека податоците за веројатноста и за големината на приносот што би го добила банката од поддршка на инвестициите А или Б, според трите оценки, можат да имаат одлучувачко влијание за банкарските специјалисти. Може да има неколку десетици варијации, а сето тоа ќе зависи од параметрите: веројатност да се врати инвестицијата од една, и процентот на принос од друга страна. Тука, немам намера да станам досаден, со намера да одам подлабоко, со табели и слики, или да ја престорам колумнава во научна статија, туку целта ми е да укажам на следново: за менаџерите во банката, постои, еден и единствен начин за да се здобијат со важни информации при донесување на одлуката за избор една од алтернативните инвестициски проекти, како и за одлуките во врска со одобрувањето на кредити. Тоа е преку постапките за контролинг на ризикот, и не постои друг начин

Кога зборуваме за контролинг на ризиците, не може, а да не се спомене кредитирањето, особено колатералот (обезбедувањето) при таквата постапка. Според тоа, сведоци сме, денес, особено граѓаните (не-банкари), на палсман на еден сет на разно-разни шпекулативни информации, во насока на банките. За таа цел, сакам да дадам еден краток осверт во контекст на тоа, а се однесува на колатералот (обезбедувањето) во кредитирањето. Имено, секоја македонска банка, самата за себе, може да си одлучи, секако, ако се исполнети минималните регулаторни барања, за јачината на колатералот (читај: обезбедувањето). Тој, може да биде оптимален, појак или послаб. Тоа, е така секаде во светот, особено во земјите кои се силни поддржувачи на стартапите, каде, како земја, македонската насока е натаму. Значи, ништо нема страшно, ако, би употребил еден младалашки збор, „лабаво“се избере обезбедувањето од страна на управата на банката. Но, за сметка на тоа, менаџемнтот мора да ја подигне летвичката на ризиците повисоко, и да превземе поголем ризик, кој на крајот, за банката ќе предизвика потреба од вложување на поголем свеш капитал, од надвор, за да нема никаква опасност за адекватноста (читај: тука регулативата е строга и бара да се одржува најмалку 8%, а со базелските стандарди број 4, таа треба да е над 10%). Според тоа, лабавата претприемачка политика на кредитирање, и тоа како, треба да биде поддржана и истакната, како опција за државен развој (ајде да не речам - АБИТ, затоа и беше формиран, но за тоа во друга прилика), само и само ако сопствеништвото (управта) во банките ја прати таквата лабавост со дотур на „свежи пари“ на страна на пасивата, во капиталот. Така, како што велат моите „браќа“ кабалисти од Тел Авив ќе има баланс. А, ако нема баланс, еве, како пример да го земам човечкото тело, или брачната форма од семејниот живот, тогаш неминовно доаѓа до напукнување, па и до распад на телото (читај: бракот).

Во контекст на ова, би завршил, со тоа дека големите износи на резерви за лоши пласмани имаат двојно значење, односно тие покажуваат показател за добри и за лоши перформанси во банката. Според неа, високите резерви на лоши кредити претставуваат сигнал за добри перформанси на банката, само во услови кога таа располага со средства кои имаат добар квалитет, како примерот со банката од Табелата:

Квалитет на кредитно портфолио на Банката во %

Ризична категорија

31.12.2010

31.12.2009

А

59,2

88,0

Б

23,8

4,5

В

12,0

2,1

Г и Д

5,0

5,4

Што значи, во овој случај банката може да направи резервации за лоши кредити на многу повисоко ниво од потребното (погледни во 2010 година – Табела 5) што пак, доведува до значително намалување на нето-приходот од минатиот период. Но сепак, ваквата постапка на банката е оправдана со оглед на квалитетот на кредитното портфолио, при што на крајот, се покажува како точна констатацијата дека високите резерви за лоши кредити се добар показател за перформансите на банката. Од друга страна пак, високите резерви за лоши пласмани сигнализираат лоши перформанси за банката кога квалитетот на кредитното портфолио е на ниско ниво. Тоа од своја страна, ќе влијае на обемот на резервите за лоши пласмани. Токму затоа, банката треба да ги држи на доволно високо ниво, со оглед на тоа што подоцнежните отписи ќе влијаат на нивното намалување. Исто така, кога резервите за лоши пласмани се високи, станува јасно дека се предизвикува двоен негативен ефект, и тоа: од една страна, паричните средства на кредитите се намалуваат, додека од друга, се намалува и приходот од камати. 

Ние, во македонскиот банкарски систем сме со рекордно ниско ниво на нефункционални кредити. Но, и тие кои што ги имаме во системот како нефункционалните кредити, тоа не значи дека се не-наплатливи од старт, туку потребно е залагање и вештини, тие да се наплатат.

проф. д-р Синиша Наумоски,

Директор на АБИТ и сертифициран професор за контролинг на германската високообразовна установа ХАЈДЕЛБЕРГ Институт во Скопје 


Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?