„Активирани се сите механизим за да нема домино ефект кај нас“: Бислимовски вели ова е доказ за „испреплетеноста на системот“
Објавено во: Економија 21 Јуни, 2024 19:23
Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба.
Денешниот прекин на електрична енергија во Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска и Албанија е уште една потврда, оцени Бислимовски, дека инвестициите во енергетскиот сектор се клучни и дека мора да бидат приоритет.
- Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и дел од Хрватска се останати без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет.
МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас. Не така далеку беше кога земјава, регионот се соочи со „блек аут“ (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори, како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба.
Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестиции и само инвестиции се неопходни - изјави Бислимоски.
Денеска без струја беа речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска и БиХ. Попладнево постепено почна напојувањето со електрична енергија.
Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, хрватската новинска агенција ХИНА јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил БиХ, а потоа и дел од Хрватска - цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




