АКО ПЛАНИРАТЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЕВЕ КАДЕ ИМА НАЈМНОГУ РАБОТНИЦИ - Скопје и околината не се меѓу нив
Објавено во: Економија 13 Ноември, 2024 07:42
Невработеноста во Македонија како проблем останува и понатаму присутна, иако последниве години стапките на невработеност постојано се во опаѓање. Последните податоци за состојбите на ниво на регионите во Македонија, објавени од Државниот завод за статстика покажуваат дека имаме големи разлики од регион до регион.
Некои региони во Македонија имаат стапка на невработеност која е далеку повисока од официјалната стапка на невработеност во целата земја.
- Стапките на вработеност и невработеност на населението, на регионално ниво, покажуваат осцилирања, односно разлики во однос на вкупните стапки на ниво на Република Северна Македонија.
Стапката на вработеност во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот, Пелагониски и во Скопскиот Регион во 2023 година се движи над вкупната стапка на национално ниво, при што највисока стапка на вработеност бележи Југоисточниот Регион, и тоа 54,2 отсто. Најниска стапка на вработеност во 2023 година има Полошкиот Регион 35,9.
Во однос на стапката на невработеност, најниска стапка на невработеност од 6,2 проценти има Југоисточниот Регион, во кој соодветно е забележана и највисоката стапка на вработеност – се наведува во анализата „Регионите во Македонија“ изработена од статистичарите во Државниот завод за статистика.
Но, деталите од нивната анализа ги откриваат регионите во земајва кои мака мачат со невработеноста. Најголем проблем има Северноисточниот регион, каде во текот на минатата година била забележана стапка на невработеност од 22,6 проценти. Наспроти нивната висока невработеност, на национално ниво невработеноста достигнувала 13,1 отсто.
Со висока невработеност се соочува и Полошкиот регион, каде невработеноста била 21,2 проценти, како и Југозападниот регион каде стапката достигнала 20,9 отсто.
Податоците откриваат дека и во овие региони има намалување на невработеноста, но таа и понатаму останува висока. Па така во Североисточнот регион во 2021 година невработеноста достигнувала 36,3 проценти, додека во 2022 година спаднала на 31,8 отсто.
Што се однесува пак до Полошкиот регион, таму невработеноста во 2021 била 22,8 проценти, па пораснала на 24,2 отсто во 2022 година, за повторно да се намали во текот на минатата година.
Од друга страна кај Југозападниот регион невработеноста била 21,2 проценти во 2021 година, и се намалила на 20,5 отсто во 2022 година, за повторно благо да се зголеми во текот на минатата година.
Последните податоци кои ги објавува ДЗС на квартално ниво, стапката на неврабоетност во земјава спадна на 12,5 проценти во вториот квартал од годинава. Имено, статистичарите објавија дека бројот на активното население во Македонија е 790.152 лица, од кои вработени се 691.736, а 98.416 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52,1, а стапката на вработеност 45,6.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




