14 Декември, 2025
0.0386

АКО ПАДНАТ СЕВЕРОДОЊЕЦК И ЛИСИЧАНСК ЈА ГУБИМЕ ВОЈНАТА: Зеленски објави лоши вести за Украина

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022 07:49

Добивај вести на Viber

Украинските сили се уште се држат во источниот град Северодонецк, но руските сили се побројни, изјави претседателот на таа земја, Володимир Зеленски. Двете страни жестоко се борат и окупираат улица по улица, додека артилеријата оперира. Интензитетот на борбите во тој град, како и во блиската Лисичанск, ги направи „мртви градови“, изјави Зеленски, пренесува BBC.

Според руската страна, украинските војници се предаваат низ целата линија на фронтот кај Лисичанск, Северодоњецк и опколените места Горски и Золотоје, објави офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Андреј Марочко

„Во тек е предавање на целата линија на фронтот во оваа област, локално и масовно. Тука спаѓаат групата Лисичанск-Северодоњецк и групата Горскоје-Золотоје“, соопшти Марочко на руската телевизија, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Во областа Луганск, овие два града се единствените кои останаа под контрола на украинската армија. Со недели руската армија упорно се обидува да ги освои овие две места бидејќи тие се клучни за контрола на целиот Донбас.

Борбите се претворија во крвава и исцрпувачка војна, при што двете страни претрпеа големи загуби. Но, како што наведуваат западните медиуми, руските сили постигнале значителен напредок во последните две недели во Северодоњецк. 


Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина