09 Мај, 2024
0.0241

Ако не правиш добро, барем не прави лошо!

Објавено во: Колумни 20 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Можеби сум непоправлив оптимист, но се уште сакам да верувам дека секое добро се враќа со добро, порано или подоцна. Заради тоа што кога некому ќе му помогнеш, правиш најдобро за себе. Но иако  ова е така, и сите го знаеме, луѓето денес се премногу скржави на правење добрини. Не дај боже да ти се  испразни акумулаторот на колата, или пак да се заглавиш во лифт..ќе нема кој да ти помогне...Тоа е така затоа што луѓето немаат време да се занимаваат со туѓите проблеми или пак треба да бидат добро мотивирани за да ти укажат помош при неволја. Дури и кога се прави нешто добро, најчесто тоа се прави со некаква намера или очекување, ќе ми се најде овој за во иднина, секако ваквиот начин е навистина чиста трговија. На таквиот став, секогаш сум негодувал бидејќи сметам дека ако нешто или некој не ти лежи на душа, не можеш да глумиш ,, финоќа,, или да се претвораш во нешто што не си.  За жал се поголем е бројот на човечки примероци, кои се доста успешни во тоа! Некој ќе го нарече тоа “снаоѓање” или“преживување” и не може да се замери на таквото поведение. Но не е прифатливо некој некому да прави лошо, било поради лични, партиски, или било какви други причини. Кога некој прави зло за да се одржи на позиција, кога некоја компанија остварува огромни профити, а на вработените им дава смешни плати, кога менаџерите за да ги одржат своите плати отпуштаат вработени. Дали може да има спокој некој кој трупа богатства на туѓ грб и живее раскошен живот, а притоа не води сметка за среќата на другите луѓе околу себе?  Зарем може да има спокој и покрај многуте станови и долари, за некој за кого постои перцепција “каков криминал направи”! Не ретко знаеме да кажеме се што правиме ни се враќа, на овој или на оној начин, чисто за да се одржи космичката рамнотежа! Зарем таквите луѓе (оние кои прават лошо) не размислуваат за  товарот кој го оставаат на своите наследници, кои можеби и нема да бидат “ѓонови како нив”. Кое е задоволството да водиш една институција, голема компанија, партија или пак држава, ако луѓето кои се дел од  неа не се среќни! Зарем целта на здружувањето не е заедничкиот интерес и задоволство! Дали алтруизмот како појава воопшто постои?  Веројатно легендата за добриот Самариќанец,е застарена приказна која во последно време не е актуелна, и ќе остане во минатото уште многу долго,како што стојат работите. И ако тоа е така, зошто  во ова време на индивидуализам и себичност, кога сите се повеќе се криеме во својот микрокосмос, некому да правиме лошо. Ако веќе не можеш да направиш добро, барем не прави лошо, девиза која доколку почесто ја применуваме, среќата меѓу луѓето сигурно ќе биде помасовна.  А среќата е како ветар, дува без контрола, не знаеш  каде и кого ќе стигне, најверојатно исто како и незадоволството и несреќата. Не прави лошо бидејќи “тркалото се врти” може и да ти се врати со лошо, подоцна или порано. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина