26 Април, 2024
0.0266

Како „Грозд“ и „Струмичко поле“ го чуваат девизниот курс на денарот?

Објавено во: Економија 07 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Васе Митев е сопственик на „Грозд“ - компанијата што ја прави најпознатата македонска мастика, и друштво кое е доминантен сопственик на аграрната компанија „Струмичко поле“. Двете друштва заедно, за првите три месеци годинава, извезле стоки во вредност од 427.000 евра. При тоа „Грозд“ го зголемил извозот тројно, а „Струмичко Поле“ го дуплирал. Двете друштва на Митев за три месеци генерирале профит што надмина 277.000 евра

Охрабрувачки вести за националната екомонија доаѓаат од земјоделскиот југоисток. Еден сопственик на две компании успеал во првиот квартал годинава,во сложени услови на работење и ограничувања заради корона кризата, да го зголеми извозот во своите две компании за дупло и за тројно во споредба со истиот период лани. Станува збор за компанијата за производство на безалкохолни и алкохолни пијалоци „Грозд“ и за земјоделската компанија „Струмичко поле“, и двете друштва сопственост на струмичкиот бизнисмен Васе Митев.

Од аспект на приходи и продажба поголем е „Грозд“ позната струмичка компанија за безалкохолни и алкохолни пијалоци чии заштитни знаци се алкохолниот пијалок „Мастика Грозд“ и газираниот сок „Струмка“ со вкус на крушка. Ова друштво во првите три месеци годинава остварило вкупни приходи од продажба во износ од 836.000 евра и тоа е за 21 отсто подобар резултат од истиот квартал 2020 година.Домашниот пазар конзумирал производи на „Грозд“ во вредност од 700.000 евра што е за 8 отсто подобро од истиот период лани. Извозот на „Грозд“ пораснал за три пати во однос на периодот јануари – март лани. Вкупно за првите 90 дена годинава компанијата извезла пијалоци во вредност од 136.200 евра. Залихите на друштвото изнесуваат 1,1 милиони евра на крај на март годинава.

Оперативните расходи за прв квартал се 610.400 евра и се за 16 отсто намалени во споредба со истиот период лани. Трошоците за вработените изнесуваат 50.000 евра и се за 12 отсто пониски.

Оперативната добивка изнесува 166.000 евра, а нето добивката во однос на лани е повисока за 5 отсто и изнесува 150.000 евра.

Во акционерската структура на „Грозд“ Васе Митев поседува 75 отсто од акциите, а фирмата „Адинг Градба“ има 16 отсто.

„Струмичко Поле“ е земјоделска компанија во која „Грозд“ е сопственик на 99 отсто од акциите со право на глас. Ова друштво произведува и продава жито, асталско грозје, вино, ракија и други земјоделски сточарски производи. За првите три месеци годинава приходите од продажба се зголемени за 55 отсто и достигнале 433.500 евра. За разлика од истиот период лани експанзија на извозот во однос на продажбата дома. Имено извозот е дублиран и достигнува 291.000 евра, а домашната продажба е на исто ниво како и лани и изнесува 143.000 евра. Залихите се за ниво од 1,68 милиони евра. Оперативните расходи на компанијата изнесуваат 318.000 евра за три месеци од кои трошоци за вработените се 94.000 евра и се пониски за 29 отсто. Оперативната добивка на компанијата е 141.000 евра, а нето добивката изнесува 127.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија