„АКО ГО НАПАДНЕТЕ ТАЈВАН ВОЕНО ЌЕ ИНТЕРВЕНИРАМЕ“: Остро предупредување на Бајден до Кси Џи Пинг
Објавено во: Свет 23 Мај, 2022 11:54
Американскиот претседател Џо
Бајден изјави дека Соединетите Држави ќе одговорат воено доколку
Кина насилно интервенира во Тајван, велејќи им на новинарите во Токио дека тоа
е обврска што Америка ја презела.
- Видете, еве ја ситуацијата, се согласуваме со политиката на Една Кина. Ние го потпишавме и сите придружни договори направени оттаму, но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна, изјави Бајден на новинарите за време на заедничката прес-конференција со јапонскиот премиер Фуми Кишидо во Токио, пренесува Си-Ен-Ен.
Соединетите Држави му обезбедуваат на Тајван одбранбено оружје, но намерно останаа двосмислени околу тоа дали да интервенираат воена во случај на кинески напад.
Според „политиката на една Кина“, САД признаваат, но не поддржуваат дека Тајван е дел од Кина.
Во изјавата по коментарите на Бајден во понеделникот, претставник на Белата куќа рече дека официјалната позиција на Соединетите Држави останува непроменета.
- Како што рече претседателот, нашата политика не е променета. Тој ја повтори нашата политика на една Кина и нашата посветеност за мир и стабилност преку Тајванското Море. Тој, исто така, ја повтори нашата посветеност според Законот за односи со Тајван да му обезбедиме на Тајван воена одбрана, рече официјалниот претставник.
„Политиката на една Кина“ е дипломатско признавање на позицијата на Кина дека постои само една кинеска влада.
Пекинг го повикува Вашингтон да биде внимателен
Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија, Кина ќе преземе решителни мерки за заштита на својот суверенитет и безбедносни интереси и ги повикува Соединетите Држави да бидат внимателни во своите изјави и постапки кога станува збор за Тајван, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.
Коментирајќи ја изјавата на Бајден, Ванг рече дека Пекинг ја повика американската страна искрено да се придржува до принципите на Една Кина и три кинеско-американски коминика. Тој додаде дека Кина ги повика Соединетите Американски Држави да се придржуваат до својата заложба да не ја поддржуваат независноста на Тајван, да бидат внимателни во своите зборови и постапки кога станува збор за Тајван и „да не испраќаат никакви погрешни сигнали до сепаратистичките сили во Тајван“.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




