АКО ДИРЕКТОРИТЕ ВО ЕДНА КОМПАНИЈА ЗЕМААТ ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ВО ДРУГА ФИРМА, ТИЕ ДА ИЗЛЕЗАТ НА ВИДЕЛИНА - што носат измените на Законот за трговски друштва
Објавено во: Економија 27 Април, 2022 15:50
За сите членови на одборите на директори и управните одбори во една компанија, ќе мора да се објавуваат и нивните плати и надоместоци кои тие ги имаат во други фирми, а ќе мора и да се објави дека засновале работен однос кај некои други работодавачи.
Ова се новините кои ќе стартуваат од 29 април годинава, а се содржани во измените и дополнувањата на Законот за трговски друштва, кои веќе се објавени во Службен весник на државава. За нив извести компанијата Рафајловски конслатинг.
Во измените и дополнувањата на Законот е наведено дека “во Годишниот извештај на друштвото за извршните членови на Одборот на директори, членовите на управниот одбор, неизвршните членови на Одборот на директори и членовите на Надзорниот одбор, задолжително се објавуваат и детални податоци за примањата во органи на управување во други друштва (плата, надоместоци на плата, надоместоци за членство, бонус, осигурувања и други права), како и за заснован работен однос кај други работодавачи (назив на работодавач, дејност, висина на плата, надоместоци на плата, бонус, осигурувањa и други права)“.
Исто така, извршено е прецизирање на тоа кој Кодекс за корпоративно управување ќе го применува друштвото чии акции котираат на берза, за Надзорниот одбор, односно неизвршните членови на одборот на директори треба да дадат изјава за примена на кодексот. Тоа е КОДЕКСОТ на берзата на која котираат акциите на друштвото и кој се применува согласно правилата за котација на таа берза.
А, овие законски измени ќе има и уште една интересна новина. Имено, ќе биде дозволено заемот од трети лица даден на друштвото, да може да се трансформира во влог во постапка за зголемување на основната главнина на друштвото.„Оваа трансформација на заем од трето лице во влог може да се примени само за друштвата со ограничена одговорност. Досега само со заем од содружник можеше да се врши зголемување на основната главнина. Пропишана е постапка за трансформација на овој вид на зголемување на основната главнина во ДОО, како и уписот на истата во Централниот регистар“, се вели во измените на Законот за работни односи.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




