АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите
Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2023 16:17
На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новото
решение за комунален ред, според кое за прекршителите на мерката се пропишани
повисоки казни.
Така, може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат „фатени“ од комуналната стража ќе бидат казнети со 150 евра.
Истата глоба е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање кучиња без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Сплитќани и нивните гости сезонава ќе бидат надгледувани од 21 комунален чувар на улиците, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа на повик, пишува Poslovni.hr.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите „голи“ туристи платија казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година. Како што се наведува, со оваа одлука е воведен нов концепт на пропишани забрани кои се однесуваат исклучиво на зоната А која има посебна заштита и на одредби кои се однесуваат на подрачјето на целиот град.
Меѓу важните измени беше и забраната за поставување електроакустични уреди на терасите на угостителските објекти во зоната А, што значи дека на тие места не може да се користат звучници и засилувачи.
Според одлуката, дозволено е изведување музика во живо без електроакустични уреди. Секој што нема да го почитува ова правило ќе биде казнет со 1.320 евра, а дополнително одговорното лице ќе се казни со 300 евра, а физичкото лице со 260 евра.
ФОТО: YouTube/Print ScreenМожеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




