АКАДЕМИК ВЛАДО КАМБОВСКИ УШТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НО НА ТТК БАНКА - еве колку акции поседува таму, но и колку во Комерцијална банка
Објавено во: Финансии 06 Јуни, 2024 12:05
Академик Владо Камбовски да продолжи да биде независен член на Нсадзорниот одбор на ТТК Банка.
Ова го предлага најзначајниот акционер на банката, а тоа е тетовскиот комбинат Тетекс, кој поседува над 41 отсто од акциите со право на глас, за Собранието на акционери закажано за 7 јули годинава смета дека како точка на дневен ред треба да се гласа и за одлуката академикот да биде независен член на Надзорниот одбор.
„Предложениот кандидат за независен член на НО на ТТК банка, академик Владо Камбовски, е досегашен независен член на НО на банката, и всушност со предложената одлука се предлага негов реизбор. Предложениот кандидат поседува професионални квалификации да ја извршува работата од делокругот на работењето на НО на банката, што се докажа со неговото досегашно членство. Неговиот придонес во работата на НО е исклучителен и со своето натамошно членство ќе придонесува НО на ТТК банка доследно да ги извршува работите од своја надлежност.“, се вели во предлог одлуката за која ќе гласаат акционерите на почетокот на јули.
Мандатот на професорот Камбовски би стартувал од 19 септември годинава и би траел 4 години.
На именуваниот член на НО, односно академик Камбовски, ќе му се одреди и награда за ангажирање и учество во работата на седниците.
Академик Владо Камбовски е доктор на правни науки и беше редовен професор на Правниот факултет во Скопје, сега е во пензија. Тој е член на МАНУ, каде е раководител на Центарот за стратегиски истражувања.
Интересно за него, а како што навеле и во самата предлог одлука, е дека тој поседува акции во две банки, и тоа 1.738 акции во ТТК банка, како и 3.900 акциии во Комерцијална банка.
Кон ТТК банка нема заеми ниту било какви други обврски.
Со оглед што Тетекс е доминантен акционер, се очекува оваа одлука Собранието едногласно да ја усвои.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




