Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2025 07:00
Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини.
По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест, во вторникот на 20 мај, во организација на Здружението Онлајнмедиа.мк, претставници на поголема група македонски интернет портали одржаа состанок и расправаа за проблемот.
На крајот од расправата, најголем дел од претставниците на интернет порталите го усогласија и го потпишаа следниот став: „Според последните измени на Законот за авторски и сродни права („Службен весник на РСМ“ број 87/2005), ве известуваме дека не ги прифаќаме вашите предлог договори испратени неодамна до нашите редакции, за правото да ги преземате нашите информации, фотографии, видеа.
Доколку тоа бесправно преземање продолжи од ваша страна, ќе бидеме принудени да покренуваме постапки за заштита на авторските права.
Сите потписници бараат да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на информациите, почнувајќи од 21 мај 2025 година, се до постигнување на евентуален договор. Како асоцијација на портали, Онлајнмедиа.мк ви стои на располагање за разговор“.
Овој став го потпишуваат и го споделуваат следните информативни портали (по азбучен ред): А1ОН, Бриф, Вистина, Денар, Денешен, Експрес, Еспресо, 24Инфо, Курир, Либертас, Лидер, Локално, МКД, MMС, Независен, НЕТ ПРЕС, 4NEWS, Плусинфо, Република, Рацин, Слободен печат, 360 Степени, Телеграфи, Точка, Трн, Фактор, Фокус и Црнобело.
Спортските портали (по азбучен ред): Екипа, Гол, Дерби, Макфудбал, 24Фудбал, Кош, 24Ракомет, Спорт 1, СпортМ, Спортманија, Спортспорт, Спортски и Суперспорт.
Со свој потпис ставот го споделуваат и порталите на македонските телевизии (по азбучен ред): Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма.
Покрај наведените 46 портали, Здружението Онлјанмедиа.мк очекува кон ставот да се придружат и други портали, чии сопственици или претставници од објективни причини не беа во можност да присуствуваат на состанокот одржан на 20 мај, во просториите на Здружението на новинарите на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




