15 Декември, 2025
0.0395

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

Објавено во: Економија 18 Март, 2025 07:36

Добивај вести на Viber

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот наскоро ќе има нов директор или директорка. Дали сегашната в.д. директорака ќе остане на истата позиција, или ќе биде назначен нов шеф на оваа институција ќе видиме наскоро. 

 Владата распиша оглас со кој бара кандидати за директорското столче на Агенцијата, но се бараат и кандидати за заменик директори на неколку институции, како Управата за финансиска полиција, потоа на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на Државниот завод за индустриска сопственост. 

Согласно огласите поставени на веб страната на Владата, се бра пополнување на повеќе раководни позиции, а во огласите се забележува дека генерално условите кои треба кандидатите да ги исполнат се слични. 

 Кандидатите кои ќе сакаат да конкурираат на позицијата директор на Агенцијата за промоција на туризмот, ќе мора да се државјани на Македонија, да имаат високо образование, со петгодишно работно искуство, како и солидно познавање на еден од светските јазици со светски признат документ. Покрај општите услови, кандидатите имаат и дополнителни документи за пополнување, а меѓу другото ќе треба да го опишат и нивниот кариререн развој, проследено со планови за развој на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, да ги покажат своите знаења за законодавството во областа, да имаат концепт за развој на институцијата, ризиците со кои очекуваат да се соочат… 

На позицијата в.д. директор на Агенцијата моментално е Билјана Стефаноска, од средината на месец септември минатата година. Дали таа ќе остане на оваа позиција, ќе дознаеме наскоро. 

Што се однесува пак до канидадите кои сакаат да бидат заменик директори и тука се сличните услови како и за директорските позиции. 

 Заменик директот на Управата за финанскиска полиција на позицијата ќе може да остане четири години, и има право на втор мандат. Кандидатите треба да се државјани на Македонија, да немаат правосилна пресуда – забрана за дејност. Треба да имаат и високо образование и минимум пет години работно искуство. Се бара и сертификат за еден од светските јазици, англиски, француски, германски или англиски, на ниво Б2. И за овој оглас, како и за директорската позција во Агенцијата, треба кандидатите да пополнат дополнителни документи, меѓу кои и плановите за иден развој на институцијата, познавањето на областа во која ќе работат, очекувања за ризици со кои би можеле да се соочат… 

Канидидатите кои сакаат да конкурираат на позицијата заменик директор на Агенцијата за за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исто така имаат можност да се задржат на позицијата четири години. Како и претходните позиции, и овие заинтересирани треба да се државјани на Македонија, без судски забрани, со високо образование и доказ за познавање некој од светските јазици. Но исто така треба да имаат петгодишно искуство во областа, и да пополнат дополнителни барања на Владата. 

Истите услови важат и за позицијата заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, кој има право на мандат од четири години. Како и за претходните се бара високо образование, без судски забрани, со сертификат за странски јазик не постар од пет години. Владата изминатиот период објави повеќе огласи за промена на директориски позиции на повеќе институции, ова е само дел од низата на смени кои се спроведени. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година