15 Декември, 2025
0.0847

Агенцијата за млади и спорт му исплати 50 милиони денари на извршител во еден ден

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2020 07:00

Добивај вести на Viber

Агенцијата за млади и спорт за еден ден му исплатила 50 милиони денари на сметката на извршителот Дашмир Саити од Тетово, а 22,13 милиони денари од оваа сума се за казнени камати. Ова наведува на тоа дека можеби се работи за една од најголемите присилни наплати што ги направил една извршителска канцеларија кон одредена државна институција.

На 10 септември се извршени осум трансакции од кои најголемите се 27,3 милиони и 22,13 милиони денари. Ова се случува во периодот кога актуелниот пратеник Дарко Каевски со одлука на Влада од 11 август повеќе не е директор на АМС, а за вршител на должност на оваа функција е запишан Измит Нура.

Од Агенцијата за млади и спорт потврдуваат дека е реализирано ова извршно решение и дека се работи за загубен судски спор, но поконкретно не соопштуваат кој е тужителот и која е причината за долгот, нита пак од кога датира. 

- Причина за исплаќање на трансакциите се судски одлуки во кој Агенцијата за млади и спорт беше тужена страна во постапката. На име основен долг е исплатено 27.301.983 денари. На име казнени камати е исплатено 22.129.623. На име награда за извршно дејствие 217.710 денари, гласи одговорот од АМС.

„Фактор“ стапи во контакт и со извршителот Саити, кој ги потврди овие трансакции, но истовремено рече дека не може да дава детали затоа што тој само го застапувал тужителот и дека нема право да зборува во негово име.

Агенцијата има годишен буџет од околу 8 милиони евра и ова би претставувало големо оптоварување, бидејќи истите пари би можеле да се инвестираат во некој капитален проект. 

Извршувањето од 50 милиони денари е најголемата трансакција на АМЦ кон надворешни лица во текот на еден ден оваа година. Претходно, во февруари и јуни се исплаќале по околу 500.000 евра како помош главно за националните спортски федерации.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден