ЗОШТО НЕ БЕШЕ МОЕТО БЕБЕ ПРИМЕНО ВО ПОНЕДЕЛНИКОТ НА КЛИНИКАТА? Таткото на седуммесечното бебе најави тужба
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025 11:12
По изјавата на министерот за здравство, Арбен Таравари, дека
нема лекарска грешка во случајот со седуммесечното бебе кое почина на Детската
клиника во Скопје кон средината на
декември, родителите родителите
се гневни и најавија тужба против клиниката. Тие настојуваат во нивните тврдења дека бебето го
однеле на време и побарале лекарска помош во Клиниката за детски болести кога
нивното синче имало само блага температура и осип по кожата.
„Мене ми е тешко тоа што во понеделникот јас кога го однесов детето со многу мала температура и осип на телото тие нас не пуштија дома. Зошто тогаш детето не го хоспитализираа и не викнаа специјалисти од други клиники за да испитаат што е проблемот? Јас ги прашував што е проблемот, а тие ми велеа ќе му помине, температура е“, вели Влатко Трпкоски, кој го изгуби седуммесечното бебе
Министерот Таравари, на вчера изјави дека го прочитал извештајот за случајот и дека „за среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка“.
Сепак, родителите на бебето се гневни на оваа изјава и сметаат дека нивното дете не било навремено хоспитализирано, што довело до трагичниот исход.
Причината за смртта на бебето треба да ја утврди обдукцијата, а јавноста очекува дополнителни информации од надлежните институции.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




