Аеродромски чувар посрамотил жена со мајчино млеко
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2016
Американските аеродромски чувари се едни од најозлогласените во светот со грубите постапки кон патниците и кревањето на паника во сосема непотребни ситуации. Тоа и се случило на Џулијана Берет, мајка која патувала дома од бизнис состанок и имала подготвено шишенца со мајчино млеко за нејзиното бебенце.
Вработениот ги отварал шишенцата и почнал да го истура млекото тврдејќи дека таа не смее да ја пројде контролата доколку бебето не е со неа. Чуварот бил безобразен и не ги знаел правилата, па една од вработените му посочила дека мајката е во право. Џулијана Берет овој инцидент го објави на Facebook.