АЕРОДРОМОТ ВО ЗАГРЕБ ИТНО ЗАТВОРЕН - се откажуваат сите летови поради сериозен инцидент
Објавено во: Балкан 08 Јуни, 2025 17:31
Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб од попланево е затворен за сообраќај до понатамошно известување, соопштуваат службите.
Имено, од она што го објавија тамошните медиуми, причината за неговото затворање е излизгување на мал авион од работ на пистата на тревната површина.
- Денес во 15:21 часот, за време на слетувањето на приватниот авион „Ер Панонија“, тип „Цесна 525“, со ознака 9A-JJIM, авионот се лизнал по работ на пистата на тревната површина на аеродромот „Фрањо Туѓман“.
Подготовките за преместување на авионот се во тек, а аеродромот „Фрањо Туѓман“ е затворен за сите активности до понатамошно известување за сообраќај - соопшти аеродромот „Фрањо Туѓман“.
Авионот со регистрациски број 9A-JIM летал од Милано од аеродромот Линарте, а за време на слетувањето во Загреб дошло до инцидент, неофицијално пукнала гума на тркалата при слетувањето, па авионот не успеал да застане на пистата.
Подготовките за преместување на авионот се во тек, а аеродромот „Фрањо Туѓман“ е затворен за секаков сообраќај до понатамошно известување, во согласност со планот за пропишани активности.
Според информациите на претставникот на авиокомпанијата „Ер Панонија“, летот бил празен, а немало повредени лица.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




