Аеродромите во Грција воведуваат нова такса за патниците
Објавено во: Балкан 31 Август, 2016
Нова такса е воведена во 14 регионални аеродроми во Грција, кои претходно беа приватизирани и предадени под управување на германскиот концерн Фрапорт, пренесуваат локални грчки медуми.
Особено, дополнителните трошоци ќе удрат по џебовите на патниците во Солун и Кефалонија, на Крф, Кос, Закинтос, Родос, Санторини, Ханја и Лезбос.
Новите надоместоци на аеродромите ќе бидат воведени од 1 јануари 2017 година. Се очекува дека патниците ќе плаќаат по 13 евра во првите четири години од воведувањето. Потоа тарифата ќе се зголеми до 18 евра.
Плаќањето ќе биде за сметка на патникот, на кој му е издаден билетот. Собраните такси ќе одат за средствата на аеродромите, кои им служат авионите.