АЕК ќе ја троши заштедата за доизградба на Антенскиот систем на Водно
Објавено во: Економија 27 Јули, 2022 07:30
Агенцијата за електронски комуникации ја префрли досегашната заштеда од своето работење од 200 милиони денари како предвидени средства за изградба на футуристичката антенска кула на врвот на Водно.
Со предлог-одлука од 20 јули, вишок на нереализирани средства од 240 милиони денари од минатите години се префрлуфаат во годишниот финансиски план за 2022, а од нив, 200 милиони денари ќе се додадат во ставката за капитални инвестиции, поточно за доизградба на антенскиот систем.
Во одлуката се вели дека со овие средства „ќе се поттикне развој на едлектронските комуникации и информатичкото општество и ќе се обезбеди добробит за сите граѓани на Република Македонија“.

Со претходниот план за овој објект годинава беа предвидени само 27.894.300 денари, а со новите 200 милиони, сега сумата се предвидува на 227.894.300 денари. Со овие пари би можел да се направи значителен напредок, ако се знае дека минатата година беа потрошени безмалку 4,5 милиони евра за оваа инвестиција. Во 2020 за антенската кула беа потрошени само 50.000 евра.
Агенцијата за електронски комуникации во 2013 ја започне изградбата на новиот антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава. Последно од АЕК во 2018 беше информацијата дека изградбата на кулата оди според планираното и дека изградени се 115 метри од предвидените 155 метри, а потоа следуваше период на застој.

Футуристичката кула која ќе биде изградена на врвот на Водно, ќе претставува кула висока 155 метри со централно армиран бетонски столб на кој ќе бидат сместени четири конзолни платформи со површина од 180 до 200 метри квадратни. Кулата се гради на 500 метри источно од Милениумскиот крст.
Изведувач на градежните работи „Гранит“ беше предвидено да заврши со работата во рок од пет години. Вредноста на договорот за градежни работи е 1.084.706.000 денари, финансии на Агенцијата.
Во кулата ќе биде сместена софистицирана опрема преку која Регулаторот ќе прави мониторинг на сите емитувања на радиофреквенции што ги користат операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, авионавигацијата, функционалните системи.
А.К.Можеби ќе ве интересира
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?




