19 Јануари, 2025
0.0328

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА ФК "ВАРДАР"

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Како здравствена институција, која е лидер во превенција и третман на спортски повреди, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од денес ги стави на располагање целокупниот тим и капацитет на болницата на фудбалерите од најтрофејниот македонски клуб ФК "Вардар" и стана нивен медицински партнер.

Д-р Борислав Илиев, специјалист по ортопедија, е дел од тимот што во наредниот период ќе се грижи за здравјето на фудбалерите. Тој изјави дека „Аџибадем Систина“ ќе се потруди да ги обезбеди најдобрите услови за следење и подготовка како што заслужуваат фудбалерите.

„Среќни сме што ние како Клиничка болница  'Аџибадем Систина' ќе им понудиме професионална медицинска помош на фудбалерите во дијагностицирање на повреди, лекување и закрепнување. Ќе направиме сѐ со што би помогнале ФК 'Вардар' да се врати на вистинските патеки. 'Вардар' е бренд што се носи во срцето и нема некој што во земјава не навивал за 'Вардар'. Нашиот медицински тим им стои на располагање и тука сме заедно да одиме кон нови победи“ – изјави д-р Борислав Илиев.

По повод склучувањето на договорот, претставници од ФК "Вардар" го посетија спортскиот центар "Премиум". Спортскиот директор Влатко Колев изрази огромна благодарност и задоволство за остварената соработка.

„Чест и задоволство е да имаме зад нас ваква институција како што е 'Аџибадем Систина', каде што ќе можеме професионално да ги извршуваме сите медицински прегледи и сѐ што ни е потребно, за што подобро да се подготвиме во новата сезона и да го вратиме 'Вардар' на местото каде што заслужува да биде. Секогаш е добредојдена соработка со најдобрите.“

Доказ дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ посветено се грижи за спортистите е фудбалерот на „Вардар“, Матеус Лемос, кој минатиот месец направи операција на предниот вкрстен лигамент. Во тек е неговиот процес на рехабилитација, па тој секојдневно доаѓа на физикална терапија и рехабилитација во болницата. Со помош на нашиот искусен тим и најсовремената опрема со која располага спортскиот центар „Премиум“, очекуваме негово брзо закрепнување и враќање на фудбалските терени.


ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ