19 Мај, 2024
0.0261

Адора инженеринг за 9,3 милиони евра ја купи Топлификација: Топланите Исток и Запад одат кај градежната компанија

Објавено во: Економија 23 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и, како што велат од компанијата, се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. 

Додаваат дека важен позитивен аспект од оваа зделка е што на ваков начин се одлучува за судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, а регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент.

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора вели дека во сите бизнис полиња и аспекти каде што Адора е деловно присутна, работи со примарна цел да ги унапреди, да внесе иновативност, про-активност и прогресија во истите. 

„ После студиозна физибилити студија сработена од врни домашни експерти од полето на енергетиката и повеќегодишни длабоки обсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, кој што е главен влезен параметар во работењето секојдневно руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Меѓутоа, во Адора, имаме афинитет на прифаќање на деловни предизвици и донесовме одлука дека овој бизнис од државно значење заслужува да биде во рацете на домашна компанија. Нашата држава поседува исклучително квалитетен кадар од областа на топлинската енергија и енергетика генерално, вели Чифлиганец.

Компанијата ќе функционира како посебен правен ентитет под името Adora Energy Solutions и менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни кадри.  

A.T.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра