Абдеслам се радикализирал уште повеќе во затвор - што точно направил?
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2016
Главното лице на терористичките напади од пред една година во Париз, Салех Абдеслам се радикализирл уште повеќе по апсењето за масакрот, во кој загинаа 130 лица во Париз.
„Тој пушти брада и се претвори во вистински фундаменталист, додека претходно беше момче со патики и маичка"- рече неговиот адвокат Свен Мари за холандскиот весник „Де Фолкскрантс".
Роден во Белгија, Абдеслам веројатно е единствениот преживеан џихадист од 13 ноември 2015 година за време на нападите во француската престолнина, кои според белгиските власти се по сценарио на лидерите на „Исламска држава". 27-годишниот Абдеслам со мароканско потекло е фатен во Брисел во март годинава по четиримесечен потерница, по што беше префрлен во Париз.
Адвокатот Мари коментира дека условите во затворот во париското предградие Флаори-Мерогис каде се наоѓа Абдеслам, му предизвикале „психолошко измачување" и придонеле за видливата радикализација. Терористот е во еднокреветна ќелија и е подложен на постојан видео надзор. Абдеслам е обвинет дека обезбедувал логистичка заштита на седумте џихадисти кои умреа на различни места за време на терористичките напади во Париз: во концертната сала „Батаклан", на националниот француски стадионот "Стад де Франс" и во неколку барови и ресторани во централниот дел на Париз.