29 Април, 2024
0.0248

6-ти Годишен САМИТ100 на бизнис лидери од Југоистична Европа

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

САМИТ100 на Бизнис лидери од Југоисточна Европа со гордост го најавува 6-тиот годишен самит кој на 16 и 17 октомври ќе се одржи во Скопје.

По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година САМИТ100 се сели јужно во реномираниот Скопје Мериот Хотел, каде на едно место ќе се соберат околу 150 еминентни бизнис лидери од целиот ЈИЕ регион чија примарна цел е да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

Основан во 2011, САМИТ100 е уникатна бизнис иницијатива која на едно место ги собира клучните бизнис лидери од ЈИЕ регионот, со цел да ја поттикне бизнис заедницата од целиот регион да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција, а преку тоа и да ја подобри конкурентноста на националните и регионалните економии и обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани од овој дел на Европа.

За време на минатите настани, САМИТ100 процени дека во ЈИЕ регионот се потребни инвестиции и подобрувања во повеќе области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, подобрување на мобилноста на работната сила, слободно движење на стоки и услуги итн.

Во согласност со овие заклучоци, клучниот збор на овогодинешното издание на САМИТ100 ќе биде “CONNECTIVITY” („ПОВРЗУВАЊЕ“), а главен гостин ќе биде Еврокомесарот за транспорт,Г-а Виолета Булц.

На овогодинешниот САМИТ100 ќе бидат присутни реномирани претставници од бизнис секторот, како БМВ, АСА Груп, Хидриа, Горење, Алкалоид АД Скопје, Атлас Корпорација итн., како и претставници од реномирани интернационални институции како Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), Европската инвестициона банка (ЕИБ), Светската банкаи многу други.

Целта на иницијативата САМИТ100 е да се позиционира регионалната соработка високо на агендата на секоја влада во регионот, поттикнувајќи специфични прашања и целејќи да постигне „Нов договор за новата ера“ кој ќе ја подобри конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

САМИТ100 прерасна во силен бренд на регионална бизнис соработка и важна платформа за размена на идеи и поттикнување на програми за развој преку кои регионот на ЈИЕ доаѓа чекор поблиску до силна бизнис заедница, која генерира висок економски раст и креира подобар квалитет на живот за сите луѓе од Југоисточна Европа. Неговата визија е преку конструктивна соработка регионот на ЈИЕ да стане еден од најиновативните и најконкурентни во светот.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг