09 Мај, 2024
0.0250

31 милион евра завршиле на сметки на странски медиуми за реклами, домашните се офајдиле со 12,5 милиони евра

Објавено во: Економија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

За да привлече странски инвестиции претходната влада потрошила над 130 милиони евра за десет години.

Над 31 милион евра за реклами во странски медиуми дала владата на Груевски, додека домашните медиуми се офајдиле со 12,5 милиони евра.

Ова денеска го соопшти портпаролот на Владата Миле Бошњаковски презентирајќи го вториот дел од анализата за тоа колку поранешната влада потрошила во периодот од 10 години за привлекување странски директни инвестиции.

Портпаролот запраша на кој начин македонските медиуми ги привлекувале странските инвеститори и за што им е исплатена таа сума.

5,6 милиони евра се потрошени од  министрите без ресор и екс премиерот за роуд шоуа.

„Економските промотори чија улога никогаш не беше јавно и транспарентно објаснета и беше во конфликт со македонската дипломатија, ги чинеле граѓаните на Република Македонија цели 12,5 милиони евра“ - рече Бошњаковски.

Според него, во овој дел на анализата особено се истакнува бројката за дополнителни приходи, станарини, закуп и друго, на министрите без ресор кои биле задолжени за странски инвестиции. Станува збор, како што кажа Бошњаковски, за сума од 2,8 милиони евра кои на министрите без ресор задолжени за странски инвестиции им биле исплатени како доплнителни бенифиции надвор од месечната бруто блата.

Бошњаковски појасни дека се работи за станарини, закупи, промотивни материјали... во Македонија.

Во првиот извештај надлежните соопштија дека вкупно 225 милиони евра се потрошени за влез на 25 странски компании.

Можеби ќе ве интересира

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните