30.000 швајцарски франци глоба за Албанија од ФИФА
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2017
Глоба од 30.000 швајцарски франци како и дополнителна опомена доби Фудбалската федерација на Албанија од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).
Причината како што се наведува е низа националистички и политички скандирања на албанските навивачи на мечот против Македонија.
„Албанија доби казна поради албанскиот национализам, политичките скандирања и палењето на пиротехника за време на гостувањето во Струмица против Македонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 година во Русија, кој заврши без победник 1:1.“, пренесоа дел од медиумите.
Меѓутоа, казна од ФИФА легна и на сметка на Фудбалската федерација на Македонија во висина од 5.000 швајцарски франци и опомена.
Дисциплинската комисија на ФИФА и изрече опомена и на израелската федерација за мечот во Хаифа против Македонија и тоа за фрлање тврди предмети.