17 Декември, 2025
0.0667

120 СТОЛЧИЊА НА ТОПЛО НА УЛИЦА - ССМ го започна штрајкот

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 09:46

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија објави слика со столчиња наредени пред Собранието на Македонија со што го најавија денешниот штрајк. 

120 СТОЛЧИЊА НА ТОПЛО НА УЛИЦА... АКО МОЖЕШ, ПРИКЛУЧИ СЕ ВО 10, ова е мотото на синдикалците, кои денеска го започнаа генералниот штрајк во јавниот сектор, со присуство на работниците на своите работни места со прекин на работниот процес во работно време со минимум од процесот на работа за овозможување обнова на работата по завршување на штрајкот...

Согласно најавата на ССМ, пред Собранието, поточно на Булевар 11 Октомври поставени се 120 столчиња за пратениците во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот. 

Синдикалците најавија дека утре, или на 23.06.2022 година пред Владата на Булевар Илинден број 2 претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе бидат на булеварот и на истиот ќе бидат поставени 21 столче за членовите на Владата во период од 10 до 14 часот и со тоа ќе биде прекинат сообраќајот. Подготовките за поставување на столчињата ќе започнат во 09 часот истиот ден. 

Веќе во петок, на 24.06.2022 година протестот ќе се пресели пред Министерството за финансии на Даме Груев бр.12 каде ќе бидат претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на улицата и на плочникот пред Министерството и ќе упатат пораки до Министерот од 10 до 14 часот - се вели во соопштението од ССМ.


Фото: Фејсбук 

Можеби ќе ве интересира

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите