10 Бугарски ученици повредени во несреќа со автобус кај Крива Паланка
Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2016
Бугарски автобус од Дупничкото село Црвен брег се превртел кај Крива Паланка. Четири лица се тешко повредени, а две со полесни повреди. Тие се сместени во болницата во Крива Паланка.
Останатите повредени се ослободени. Според информациите станува збор група ученици кои биле на еднодневна екскурзија.
Инцидентот се случил доцна синоќа во близина на Крива Паланка. Возачот на автобусот е од село Црвен брегот.
Шест екипи на Итен центар - Ќустендил се мобилизирани во врска со несреќаа тна бугарскиот автобус .
Медицинските екипи се во готовност за реакција. Сеуште не е јасна причината за несреќата.