14 Декември, 2025
0.0457

„Стопанска банка Скопје“ ќе дава двојно повеќе пари за независните членови на Надзорен одбор, колкава е наградата?

Објавено во: Економија 17 Јули, 2024 08:05

Добивај вести на Viber

Секој независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје од сега па во иднина ќе добива годишна награда од 10.000 евра, а доколку биде избран за претседател на Надзорниот одбор неговата награда ќе биде 20.000 евра годишно. Независни членови се видни научници – економисти, Македонци кои не работат во банката. Вработените во банката кои се членови на Надзорен нема да добиваат дополнителни средства за овој ангажман

Стопанска банка Скопје одлучи да ги удвои годишните надоместоците за независните членови на Надзорниот одбор. Станува збор за мерка со која една од трите најголеми банки на дело покажува дека сака да ја зголеми атрактивноста на ангажанот член и претседател на Надзорен одбор.

Имено, до сега со одлука од 2012 година досега член и претседател на Надзорниот одбор на банката добивал награда од 400 евра месечно односно на годишно ниво вкупен износ од 5.000 евра. За тие пари секој член на Надзорниот одбор има сет од високосложени задачи кои се состојат од проверка и одобрување на работењето на Управниот одбор на банката и голем корпус од нивните одлуки.

Со новата одлука што акционерите на банката (поточно грчката НБГ како доминантен акционер) ја усвоија секој независен член ќе добива нето износ од 10.000 евра што е двојно повеќе од 5.000 евра колку што добиваше до сега.

Интересно е тоа што со новата одлука значајно се зголемува односно за 4 пати расте наградата што годишно би ја добивал претседател на Надзорниот одбор доколку е тој независен член (а независен значи да не работи во македонската банка ниту да биде вработен во грчката НБГ н.з.).

Во објаснувањето на предлогот на одлуката кое е достапно на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=69172 се истакнува дека по направената анализа на пазарот е утврдено дека за банката ќе биде корисно ако го зголеми износот за награди на членовите на надзорниот одбор затоа што обемот на ангажман на член или претседател на Надзорниот одбор веќе не кореспондира со надоместокот од 400 евра нето месечно.

Во актуелниот состав на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје има двајца независни членови. И двајцата се истакнати професори на скопскиот државен Економски факултет при УКИМ , а тие се Сашо Ќосев и Владимир Филиповски.

Паралелно со одлуката за зголемување на надоместокот за Надзорен одбор, акционерите одлучија да го удвојат и надоместокот на независните членови на Одборот за ревизија кој исто така има обемен ангажман во оценката на деловни активности на банката со особен аспект на кредитирањето.

Досега надоместокот на членовите на Одборот на ревизија бил 2.400 евра годишно, а сега ќе биде 4.000 евра, а за претседател на Одборот доколку тој е независен член наградата би била 6.000 евра во нето износ годишно. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година