14 Декември, 2025
0.7005

„СРБИЈА ГО ИМАШЕ „РИБНИКАР“ ЗАРАДИ ШТО МИНИСТЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА“: Кај нас и тие што се повлекоа бесрамно ни се препорачуваат-Куновска го искажа својот револт

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2023 18:00

Добивај вести на Viber

Софија Куновска, поранешна советничка во градот Скопје од СДСМ, на својот фејсбук профил го искажа својот револт за ситуацијата во земјава.
Срам, огорченост и одговорност

Како поединец, незадржливо силна ми е потребата да споделам дека чувствувам и срам и огорченост, но и одговорност за мирнотијата со која највредниот и најумниот слој на државата, во папучи пред телевизор, немо ги очекува одговорите на прашањата кои катадневно се испречуваат пред нас и се однесуваат на исклучително големи теми.

Не, не се тоа тривијални прашања и приземни дилеми.

За жал, станува збор за прашања на живот или смрт.

Каде е интелектуалниот слој да проговори нешто.

Има ли оваа земја критична јавност која ќе развие интелектуална расправа до каде стасавме. Или како општество ќе останеме на ботовските пресметки и дебатите помеѓу платените советници.

Ќе извлечеме ли поука дека ние треба да го менуваме општеството?

Никој тоа нема да го стори наместо нас.

Ќе се охрабриме ли гласно да говориме?

Не е поентата само во пораките со сочувство.

Деновите поминати во тага за загубен млад човечки живот неминовно бараат и од нас преиспитувања.

Бевме ли како јавност на нивото на предизвикот или само кога лично сме погодени реагираме?

Доволно ли побаравме одговорност за смртта на пациентите во модуларната болница во Тетово?

Останавме ли неми над бројот жртвите од хемофилтрацијата?

Колку се на број и како им е на семејствата на жртвите од случајот „онкологија“?

Има ли казнети за автобуските несреќи во кои загинаа повеќе десетици луѓе?

Или ќе оставиме учесниците во овие злосторства и натаму да ги кројат нашите животи?

Србија имаше случај „Рибникар“ заради што министер за образование понесе одговорност и на памет не му паѓа повторно да се плетка во политика. Кај нас и тие кои божемно заминаа од политика поради одговорност повторно бессрамно ни се препорачуваат себе си.

Има ли повеќемина кои се обидуваат да останат влијателни во јавниот и политичкиот живот, кои одамна би требало да се зад решетки, а наместо тоа се креатори на јавното мислење?

Или ќе ги почекаме да стане тоа драматично видливо како во последниот случај, за да се спротивставиме гласно и жестоко.

Ќе ги превенираме, ќе ги санкционираме или ќе ги стимулираме злосторсвата и уништувањето на перспективите на цели генерации?

Време е да се замислиме над остатоците од нашите животи и уште поважно, над животите на нашите деца и внуци“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија