17 Декември, 2025
0.0621

Што продаде „Макошпед“ за 3,15 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Јули, 2022 07:44

Добивај вести на Viber

Според јавно достапни податоци од катастарската евиденција „Макошпед“ продал објекти и градежно изградено земјиште со функција на царински терминал во битолското село Буково. Станува збор за два имотни листа со објекти и градежно изградено земјиште во областа „Мулојца“

Скопската шпедитерска компанија „Макошпед“ продаде недвижен имот за 3,15 милиони евра. Станува збор за царнискиот терминал што се наоѓа во битолската општина, поточно во селото Буково. Овој приход од продажба на имот драстично ја зголеми добивката на малата шпедитерска компанија, која е најголем поединечен акционер во најголемата македонска шпедитерска компанија „Фершпед“.

Според официјалниот биланс на успех во вториот квартал (април- јуни) „Макошпед“ остварил останати оперативни приходи во износ од 3,20 милиони евра од кои 3,15 милиони евра се од продажба на недвижен имот односно царински терминал во битолското село Буково.

Благодарејќи на оваа продажба „Макошпед“ оствари добивка во износ од 3,18 милиони евра што е за 26 пати повисока добивка од истиот период минатата година.

Инаку, од редовното работење „Макошпед“ годинава бележи за нијанса послаб резултат од лани. Имено приходите од продажба изнесуваат безмалку половина милион евра што е за 14 отсто послаб резултат од лани. Речиси целиот приход е остварен од услуги што компанијата ги давала на македонскиот пазар.

Оперативните расходи на „Макошпед“ се за 100.000 евра повисоки од неговите приходи во првото полугодие годинава и во однос на лани бележат раст од 19 отсто. Тие изнесуваат безмалку 600.000 евра.

Подолу има повеќе детали за најновата продажба на основни средства на „Макошпед“ која беше одобрена од акционерите на последното собрание одржано во втората половина на мај годинава.

КО Буково, битолско Имотен лист 2236 Царински терминал „Мулојца“ 1.246 квадратни метри згради https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/faces/public/customMaps/imotenListKupuvanje.xhtml?idPl=1048537

КО Буково, битолско Имотен лист 100045 на кој има градежно изградено земјиште 19.860 квадратни метри и 4.122 квадратни метри земјиште под зграда https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/faces/public/customMaps/imotenListKupuvanje.xhtml?idPl=1166341

„Макошпед“ има три поголеми акционери и сите тие се домашни компании. Најмногу акции односно 19 отсто поседува „Мепком“, втор е „Уготур“ од Скопје со 18,9 отсто и трет најголем акционер е големата кавадаречка челичарница ИГМ Трејд со 12,9 отсто од акциите. Во сопствен откуп „Макошпед“ чува 10 отсто од акциите. Над 32 отсто од акциите се наоѓаат во раце на повеќе од 640 домашни физички лица. 

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно