24 Април, 2024
0.0281

Ранг листа: „Клуб 100 на Фактор.мк“: Кои се најмоќните скопски компании, прават дневен промет од најмалку три милиони евра?

Објавено во: Економија, Анализа 15 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Година на мазутот, струјата и дизелот. Дури 8 од 10 најголеми компании со седиште во Скопје лани работеле со увоз на дизел, мазут и бензин, произведувале струја или тргувале со неа. Во годината што ќе ја паметиме по екстерни шокови предизвикани од полудените цени на нафтени деривати и струја очекуван епилог е целосна бизнис доминација на трговците со нафтени деривати, мазут и електрична енергија. Во големата десеторка се само недопирливиот „Џонсон Мети“ кој само има седиште тука, но и нема „топла врска“ со македонската економија, како и најголемиот ланец супермаркети „КАМ“.
А кои се најпрофитабилните скопски компании? Тука нема измени. Ако го изземеме „Џонсон Мети“ орото го водат банките од кои три се во петте најпрофитабилни компании. ЕСМ е само формално во оваа група заради тоа што неговата крвна слика ја „крпат и чистат“ бројните финансиски инјекции од државниот буџет

„Ако сакаш да научиш за македонската економија проучи го Скопје“! Оваа девиза и понатаму е апсолутна вистина за македонската економија во која целосно и убедливо доминира Скопје. Затоа што во него и неговата околина се седиштата на повеќе од 80 отсто од најголемите македонски фирми.

Најновите податоци од базата на Централниот регистар (ЦРМ) покажуваат дека Скопје и понатаму целосно доминира дури и ја апсорбира речиси целата македонска економија. Зошто? Затоа што има дури 32 компании кои имаат приход поголем од 100 милиони евра во 2022 година. Односно просечно дневно (во работен ден) имале приход што е еднаков или поголем од 3 милиони евра.

Кој е кој во скопската бизнис елита?

Скопската филијала на мултинационалната корпорација „Џонсон Мети“ останува убедливо најголема компанија во Македонија со седиште во Скопје. По двата критериуми. Приход и профит. Само заради создавање на контекст „Џонсон Мети“ има приход што е безмалку тројно поголем од второрангираната ОКТА. Неговиот приход лани изнесувала 2,45 милијарди евра. Од аспект на профитот исто така оваа компанија доминира. „Џонсон Мети“ лани е најпрофитабилната компанија со добивка од 72,7 милиони евра. Тоа е за 83 отсто повеќе од второрангираната компанија – НЛБ Банка.

Како што наведовме, 2022 година е под целосна доминација на енергијата. Цените на енергенсите (фосилни горива, струја и природен гас) го направија своето. Затоа овие компании се во најголемите десет според приходите. Во најголемите десет фирми според приходите дури пет се трговски енергетски компании. Од нив две се за трговија со нафтени деривати и природен гас, а три се компании за трговија со струја. Од останатите три фирми со енергетски предзнак во најголемите десет, две се компании за производство на струја, а третата е најголемиот македонски оператор кој управува со најголемата мрежа за дистрибуција на струја.

Кои се господари на профитот?

Иако струјата, дизелот и мазутот го водеа главниот збор кај приходите не излегоа доволно силни за да направат промена кај профитите. Меѓу најпрофитабилни компании во Скопје и лани беа најголемите банки. Тие се покажаа отпорни на кризата со енергенси откако претходно се покажаа како отпорни и на корона кризата.

Ако се исклучи непопирливиот „Џонсон Мети“ кој всушност и не учествува на македонскиот пазар туку само тука произведува и извезува тогаш најуспешни компании во Скопје се деловните банки. Најголемите три: НЛБ Банка, Стопанска банка и Комерцијална банка. Меѓу нив постојат нијанси во висината на добивката, а трите заедно имаат профит од 113 милиони евра. Сосема очекувано во првите десет се и гигантите „Алкалоид“, „Макпетрол“ и Македонски телеком. Друштво има прават и полните со државни дотации државни електроенергетски фирми ЕСМ и МЕПСО кои од кризата излегоа како најпрофитабилни компании (а токму заради овие резултати и мерките на Владата за справување со енергетската криза се за посебна анализа). 

Повеќе детали за рангираните компании во табелите подолу:


Фото: Freepik

Р.Ф.

Податоците се од ЦРМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?