Проф. д-р Крлиу: Секогаш сме биле предводници на новите идеи, УАКС продолжува да расте и да менува животи преку образование
Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент
Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2025 13:35
Во рамки на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј, Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) уште еднаш ја потврди својата заложба да биде универзитет кој не само што ќе пренесува знаење, туку и ќе го обликува начинот на кој што општеството размислува, делува и се развива.
На свечениот настан, протекторката за настава и претседателката на Одборот на директори, проф. д-р Венера Крлиу истакна: „Пред дваесет години, кога го основавме Американ, имавме една идеја – која беше храбра, можеби и амбициозна – но беше многу конкретна и јасна. Да создадеме образовна институција која ќе гради кариери, но пред сѐ карактери, која ќе го трансформира општеството преку знаење и ќе ги следи највисоките светски стандарди на академска извонредност. Нашата заложба била и останува да создадеме граѓани на светот – и навистина е задоволство да се види тоа во секој еден наш студент.”
Во тој дух, УАКС најави дека почесната титула Професор Honoris Causa ќе ѝ биде доделена на проф. д-р Светлана Мојсов, светски призната биохемичарка, професорка на Универзитетот Рокфелер и член на Американската академија на науки. Проф. Мојсов е најпозната по своето револуционерно откритие во лекувањето на дијабет – со огромно позитивно влијание врз милиони луѓе во светот.
Во рамки на јубилејната година, УАКС ќе реализира низа тематски настани, вклучително и голем едукативен форум во ноември, посветен на иднината на образованието во Македонија и пошироко. Форумот ќе ги обедини истакнати професори, институционални лидери и визионери од земјата и регионот.
“Тој ќе биде точка на пресврт, клучен момент од кој ќе произлезат многу нови идеи, важни за образованието во земјата. Секогаш сме биле предводници на новите идеи, така ќе биде и понатаму.” рече проф. Крлиу
Како што беше истакнато на вчерашниот настан, УАКС продолжува да предводи со интегритет, љубопитност и посветеност кон напредокот – докажувајќи дека образованието, кога е длабоко вкоренето во вистинските вредности, има моќ да создава трајна промена.
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




