ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ОД 1.500 ДО 3.000 ДЕНАРИ ПЛУС - Дел од антикризните мерки насочени и кон најстарите жители
Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2023 14:55
Поддршка за пензионерите со пониски примања во период од пет месеци најави премиерот Димитар Ковачевски при најавите за новиот пакет антикризни мерки кои денеска беа изгласани на Владина седница.
Од она што го посочи Ковачевски, овој девети пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки кои според премиерот се за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.
Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании.
- Во наредните пет месеци, пензионери со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат поддршка од три илајди денари. Додека, пензионерите кои имаат пензија од 14 до 16 илјади денари поддршката ќе изнесува 2.000 денари. Пензионерите со пензија од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат поддршка од 1.500 денари. Со неа се опфатени над 187.000 пензионери - објасни премиерот.
Тој исто така се осврна и на пакет мерки за земјоделскиот сектор со цел зголемено домашно производство, и поддршка за змејоделците.
Посочи дека преку ИПАРД програмата е предвидена поддршка за 40 илјади земјоделци кои имат полјоделски култури, лозови насади, со сточарство во висина од 1,8 милион евра.
Премиерот исто така најави дека се планира повторно и програма за енергетска сиромаштија за која се предвидени 1 милион евра, за над пет илјади семејства, потоа 1,1 милион евра за 2.250 корисници, за инвестиции во енергетска енергетска ефикасност, како поддршка за ПВЦ, соларни системи...
Се осврна на мерките за субвенционирање на стурјата и топлинската енергија за жителите на Скопје, и посочи дека овие мерки ќе продолжат и следната година.
- Предвидена е поддршка за увоз на дехидрирано млеко, за производство на млеко и млечни производи за да се овозможат поповолни и пониски цени за крајните корисници на млечните производи. Поддршка за нови и постојни вработни за зголемвуање на платите за 3 илјади денари. Во соработка со Сетска банка поддршка за општините за подобрување на енергетската ефикасност - посочи Ковачевски.
Премиерот истакна дека мерките кои лани се примениле ги постигнале резултатите, и тие овозможија забавување на инфлациајта, и ублажување на ценовните шокови.
- И тогаш предвидовме мерки за ранливите, пензионерите, за студентите и ги покриевме значителне дел од трошоци за струја за еконоија и ја поставивме на здрави нозе. И сега продолжуваме со мерки за поддршка на студентите, пензинерите и поддршка на компаниите за транзиција во зелена економија - посочи премиерот.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




