14 Декември, 2025
0.0692

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Објавено во: Мои пари 08 Декември, 2023 12:06

Добивај вести на Viber

Во организација на Жан Митрев Клиник и Македонското здружение за кардиологија, се одржа првата Школа за напредната срцева слабост. Целта на организирање на Школата е пренесување на новини во лекувањето, примена на нови процедури и оценка на актуелната ситуација во поглед на примена на напредни третмани во Северна Македонија во споредба со регионот.

На школата зедоа учество повеќе од 80 доктори кардиолози во приватно и јавно здравство од цела Македонија. 

„Срцевата слабост е застапена кај повеќе од половината од вкупните кардиоваскуларни заболувања што се појавуваат во Европа. Истовремено во последнава деценија се случуваат права револуција во лекувањето како медикаментозно така и немедикаментозно во оваа област. Имајќи го сето тоа предвид како и новите европски водичи за лекување на срцевата слабост, Македонското здружени за кардиологија како членка на Европското здружение за кардиологија ја даде својата поддршка на Клиника Жан Митрев за оваа иницијатива и организирање на првата школа за срцева слабост“, истакна проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија.

Искусни професионалци од меѓународен ранг, од  регионот и од земјата со признати достигнувања во полето ги претставија своите заклучоци и методи. Гости предавачи беа и еминентни имиња од регионот проф. д-р Иван Кнежевиќ и проф. д-р Бојан Вртовец од Клиничкиот болнички центар во Љубљана, Словенија, како и доц. д-р Дејана Поповиќ од Универзитетскиот клинички центар во Белград, Србија.

Од домашните специјалисти пред присутните предаваа доц. д-р Тања Анѓушева и проф. д-р Милка Клинчева од Жан Митрев Клиник, проф. д-р Маријан Бошевски, претседател на Македонското здружение за кардиологија, проф. д-р Елизабета Србиновска Костовска и доц. д-р Ирена Митевска од Клиниката за кардиологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и доц. д-р Планинка Зафировска од Факултетот за медицински науки при Универзитетот Гоце Делчев-Штип.

Школата е акредитирана од страна на Лекарската комора на Македонија,а под покровителство на компаниите за медицинска опрема АББОТ со Синерџи и Би-Мек.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија