05 Декември, 2025
0.0548

Короната ги набилда профитите на аптеките! Кој направи најмногу пари од продажба на лекови?

Објавено во: Економија 20 Мај, 2021 07:22

Добивај вести на Viber

Аптекарството е бизнис во кој жените целосно доминираат, а имаше ѕвездена година! Корона кризата беше силен катализатор за раст на приходите и во најголема мерка за солидни печалби на крај на 2020 година.

Аптеките лани имаа фантастична година! Корона кризата значајно ја зголеми продажбата на лекови, суплементи, минерали, витамини и се друго што го продаваат македонските аптеки. Резултатите се евидентни: девет од десетте најголеми и најпрофитабилни аптекарски компании во земјава лани го зголемиле профитот во споредба со 2019 година година. Да почнеме со ред...

Кој игра во македонската премиум аптекарска лига?

И лани ланец аптеки со најголеми приходи од продажба е „Зегин Фарм“ компанија основана од Благој Механџиски – Зегин во која сега сопственици се неговите ќерки Викторија и Христина заедно со Лана Пепиќ. Годинава аптеките на „Зегин Фарм“ оствариле приход во вредност од 49,5 милиони евра што е за 5 отсто повеќе од претходната година. Добивката на друштвото лани книжи значаен раст – достигна 300.000 евра што е за 17 пати повеќе од 2019 година.

Битолски „Еурофарм“ е најголем конкурент на „Зегин фарм“ од аспект на продажба т.е. пазарно учество. Компанијата на Ангелка Белазелкоска лани оствари приход од продажба во износ од 35 милиони евра што е за 20,5 отсто повеќе од претходната година. Профитот е скромен, слично како и во 2019 година и изнесува 2.900 евра.

Најпрофитабилна аптекарска компанија лани е „Моја аптека“ – фирма на сестрите Механџиски (сопственички и на Зегин Фарм н.з.). Ова друштво лани на приходи од 26 милиони евра остварило добивка од 538.000 евра што е 11 пати повеќе од 2019 година. Лани приходот на оваа компанија е зголемен за 25 отсто во споредба со претходната година.

И тука завршува групата на најголеми аптекарски компании. Но следат и други големи учесници на пазарот кои имаат и солидни профити. Меѓу нив се:

„Еликсир“ од Струмица и „Бле – медика“ од Тетово. И двете компании лани имаат добивки во износ од по 237.000 евра. Кај струмичката компанија, сопственост на Марија Стојанов, добивката лани пораснала за 26 отсто и е остварена од приход што изнесувал 2 милиони евра - поголем за 21 отсто од 2019 година. Тетовската аптекарска фирма чија сопственичка е Линдихана Емини лани оствари приход од 2,4 милиони евра што е за 15 отсто повеќе од претходната година. Добивката на ова друштво е поголема за 73 отсто во споредба со 2019 година.

Виа Фарм од Вевчани е една од најпрофитабилните аптеки во земјава. Лани компанијата на Марица Угриновска Батковска остварила приход од 2,4 милиони евра што е за 57 отсто повеќе од претходната година, а профитот бил 193.000 евра што е за 36 отсто подобро од 2019 година.

Скопска Виола лани остварила приход од 4 милиони евра што е за 11 отсто подобар резултат од претходно. Добивката на компанија на Марија Фидановска изнесува 188.000 евра што е 15 пати подобро од 2019 година.

Алпи Фарм е скопско друштво во сопственост на стурмичката компанија „Снежана фарм“. Лани остварила приход од 4,1 милиони евра – 15 отсто повеќе од претходната споредбена година и остварила профит од 175.000 евра што е за 6 отсто подобро.

Скопските аптеки под брендот „Херба“ сопственост на Ерол Али лани оствариле приход од 2,4 милиони евра и остварила раст на добивката за 9 отсто до 163.000 евра.

Во оваа група на најпрофитабилни аптекарски компании е и прилепското друштво Мента Фарм кое има приход од 2,1 милиони евра што е за 30 отсто повеќе од претходно. Добивката на фирмата на Лидија Николоска лани е 100.000 евра и е единствената што книжи пад ( од 23 отсто н.з.)во однос на 2019 година.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?