„Фактор анализа“: Кои се најголеми, а кои најуспешни компании во Охрид?

Објавено во: Економија, Анализа 15 Мај, 2023
Економски мит е фразата дека Охрид е туристички бренд на Македонија. Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавот македонски град. Во најголемите десет охридски компании ниту една не се занимава со туризам. Исто е и со најуспешните, и таму нема ниту една хотелиерска компанија
Дали е Охрид град што живее од туризмот? Древниот центар на словенската писменост низ децениите изгради имиџ на туристички бренд на Македонија. Цркви, манастири, Варош, Потпеш, страотниот поглед од Канео, универзитетот на Свети Климент, куќата на Робевци, чудесните Трпејца, автокампот Љубаништа, фасцинантните извори на Дрим и безвременскиот Свети Наум, феноменалната тераса на „Инекс Горица“. Охридски бисери, уникатна староградска музика. Ресторанот „Далга“, клубот „Џез Ин“, погледот од Велестово... и уште што не... Но дали Охрид живее од туризам? Не! Во најголемите охридски фирми нема ниту една чија дејност е хотелиерство и угостителство...
Охрид не е туристички град иако има таков имиџ. Ова го потврдуваат фактите кои ги генерира охридската економија, а таа покажува дека Охрид, по оставината од гиганот ЕМО останува град на лесната метална индустрија, а во најголемите фирми места пополнуваат компании за трговија и производство на храна.
На ранг листата на најголеми убедливо предничат филијалата на меѓународната корпорација од автомобилската супортерска индустрија „Костал Македонија“ и охридската ЛТХ Леарница.
Костал Македонија е најголема компанија во охридскиот регион. В0 2022 година оствари приходи од 118,4 милиони евра, но годината за заврши со загуба од 236.000 евра. Костал Македонија лани беше убедливо најголем работодавец во тој регион со 985 вработени.
ЛТХ Леарница е втора најголема орхидска компанија која е дел од словенечката групација „ЛТХ Кастингс доо“ која е специјализирана за леење, обработка и монтажа на комплексни алуминиумски компонентни наменети пред се за глобалната автомобилска индустрија.
Во врска со улогата на туризмот во охридската локална економија издвојуваме дека лани најголема хотелиерска компанија на охридското крајбрежје беше најголемата хотелиерска компанија „Хотели Метропол“ со вкупен приход од 2,8 милиони евра и добивка од 90.000 евра.
Р.Ф.
Податоците се од ЦРМ.
Можеби ќе ве интересира
„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга
