ЕВЕ ШТО ЌЕ НИ ИЗГРАДИ ВЛАДАТА СО БРИТАНСКИОТ ЗАЕМ: Николоски открива големи проекти
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2025 06:00
Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во однос на условите за заемот од Велика Британија.
-Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата над 15 години и многу поатрактивно од она што како услов го има Србија на пример. Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5 отсто. Ние ќе имаме доста пониска, вели Николоски во гостувањето во "Топ Тема" на ТВ Телма.
Тој уверува дека финансирањето на проектите ќе биде без скриени трошоци, односно од финансиските институциии ќе се бара трошокот за заемот да биде единствен без скриени и дополнителни ставки, а процесот ќе биде целосно транспарентен пред граѓаните.
Николоски потенцира дека со парите од заемот покрај брзата пруга Табановце - Гевгелија, во Штип ќе се заврши и изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом.
-На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно, додаде Николоски осврнувајќи се на намената на парите од британскиот заем.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




