ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
Објавено во: Македонија 15 Април, 2024
РЕАКЦИИ ОД СРБИЈА ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ КОСПОНЗОР НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на македонскиот колега Бујар Османи дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница за геноцид. Дачиќ го праша дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.
Османи денеска рече дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
„Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани“, рече Дачиќ.САМО ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ БАРАЛ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека после нападот на Иран врз Израел, еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел.
Македонскиот амбасадор во Израел, пак, со неговото семејство требало да се евакуира, но денеска откако биле пуштени училиштата во функција, останале да видат како ќе се одвива ситуацијата.ОСМАНИ ЌЕ БАРА МАКЕДОНИЈА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ОТВОРЕН БАЛКАН
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи е незадоволен од иницијативата Отворен Балкан и ќе побара излегување на Македонија.
Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.
„Ова што го прави опозицијата е непознавање на регионалната соработка, непознавање на меѓународните прилики и обид да профитираат ситни политички поени на теми што не ги знаат. Тоа е нивната најголема слабост и што не ја знаат надворешната политика. Немаат искуство и претендираат да влезат во еден ринг со луѓе коишто цел живот го посветиле на оваа тема“, изјави денеска Османи на новинарско прашање по прес-конференција во МНР.ЧИТАЈТЕ УШТЕ