13 Мај, 2024
0.0257

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

Објавено во: Економија 28 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Одличен раст на добивката за првиот квартал оваа година покажа македонската фабрика за чоколади, Европа.

Во првите три месеци од годинава се остварени вкупни бруто приходи на износ од 244.461.397 денари и се зголемени за 17,3 отсто во однос на бруто приходите од 2023 година за истиот период.

Вкупните оперативни приходи за 01.01-31.03.2024 година се зголемени за 12,1 отсто во однос на истите во 2023 година. Останатите приходи се намалени за 31 отсто, а кај финансиските приходи зголемувањето е 11,6 отсто во однос на 2023 година.

Вкупните расходи се зголемени за 13,3 отсто во односна минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-31.03.2024 година се зголемени за 13,5 отсто, а финансиските расходи се намалени за 48,8 отсто во однос на 2023 година.

Профитот кој во првиот квартал од годинава го остварила „Европа“ изнесува 237 илјади евра. Во однос на истиот период лани тоа е огромен раст за близу 134 проценти. 

АД Европа-Скопје за периодот 01.01-31.03.2024 година остваридобивка во износ од 14.593.776 денари и е поголема во однос на претходната година за 133,8 отсто.

„Остварениот резултат во првиот квартал од 2024 година се должи на зголемувањето на вкупната продажбата за 12,1 отсто во однос на истиот период минатата година, како и од зголемувањето на производството за 23,8 отсто, кое е оптоварено со трошоци за енергија со пониски цени од минатата година. Намалувањето на финансиските расходи  е резултат на фактот дека  компанијата не е кредитно задолжена во првиот квартал од работењето од 2024 година и истите имаат позитивен ефект на  остварениот финансиски резултат“, се вели во обраазложението кое компанијата го даде за својот финансиски резултат.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот