27 Април, 2024
0.0381

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

Објавено во: Македонија 27 Март, 2024

Добивај вести на Viber

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ Е ЗАГРИЖЕН ЗА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС ВО ИЕ 6

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својата последна јавна дискусија рече дека е сериозно загрижен за изборниот процес на територијата на изборната единица 6, односно како што рече тој во Тетово, Гостивар, Брвеница и околината на овие градови и општини.

Според него, алармот го пали фактот што актуелната Влада не дозволува да биде променет првиот човек на полицијата во градовите кои што се клучни во шестата изборна единица, место кое во претходните изборни процеси се покажало како најпроблематично од аспект на регуларноста на избрниот процес. 

- Не дозволија промена да се спроведе на систематизацијата,која што ќе овозможеше поставување на началник од моја страна, како и дополнителен началник од страна на дополнителниот министер. Тој ќе требаше да гарантира фер и демократски изборен процес на територија на Тетово,Гостивар, Брвеница итн, рече Тошковски.

СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ДЕВОЈЧЕ ВО СРБИЈА

Српската полиција постави шатор на местото каде исчезна девојчето Данка Илиќ од Бор.

Девојчето на возраст од 2 години исчезна вчера попладне во Бањско поле кај Бор. Инаку, досегашните резултати укажуваа на нов правец во кој треба да оди истрагата.

Откако полицијата утврди дека исчезнатото девојче не е пронајдено на 10-те квадратни километри кои што се пребаруваа во текот на вчерашниот и денешниот ден во местото Бањско Поље кај Бор, потрагата по девојчето ќе продолжи на оперативна основа.

ВО МОСКВА ИМА ИСЧЕЗНАТИ ПО НАПАДОТ

Порасна бројот на жртви во нападот кој во петокот се случи во руската престолнина Москва, односно се искачи на 140, а 143 луѓе се исчезнати.

Истражниот комитет на Русија примил 143 извештаи за лица кои исчезнале за време на терористичкиот напад, објави новинската агенција ТАСС.

„Истражниот комитет на Руската Федерација примил 143 пријави за жртви од нивни роднини или најблиски, кои велат дека исчезнале како резултат на терористичкиот напад“, се вели во соопштението.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Mладите Македонци тешко се осамостојуваат, а дека е така потврдуваат и податоците од Евростат. Но, во повеќето европски земји се случува обратното.

Два дена е просечниот престој на странските туристи во Македонија. И покрај растот на бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, нивниот престој и понатаму е краток. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека странските туристи во земјава во просек остануваат само два дена.

Тетовскиот комбинат „Тетекс“ продава свој недвижен имот, во вредност од близу 3 и пол милиони евра.

Македонската метална и металопреработувачка индустрија се соочува со потешкотии, како последица на неможноста веќе да се купува евтина суровина од Русија, додека земјите како Србија и Турција кои немаат санкции кон Русија, слободно увезуваат метална суровина од руско потекло.

Блок трансакција на вкупна сума од 164 илјади евра помина со акциите на нашата најголема компанија „Гранит“. 


Можеби ќе ве интересира

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори